ЗОРАН ПОПОВСКИ ОДБЛИСКУ СО ГРАЃАНИТЕ НА ЗЛЕТОВО И ЛЕСНОВО
Предизборниот караван на кандидатот за претседател на Република Македонија од Коалицијата ГРОМ проф. Д-р Зоран Поповски, денес помина низ неколку градови и населени места во источниот дел на Македонија.
Поповски се прошета низ рударското Злетово, а го посети и пазарчето во овој град каде што мина подолго време низ срдечен разговор со граѓаните и пазарџиите.
Претседателскиот кандидат на ГРОМ го посети и етно-музејот во Лесново, како и црквата во состав на Лесновскиот манастир, пред да продолжи за Пробиштип каде што се одржа централниот митинг на Граѓанската опција за Македонија.