Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Од жените со љубов за Димитар Несторовски

ФОЗ ГРОМФорумот на жени ГРОМ-Карпош, со посредство на месниот форум на Карпош 2, организираше хуманитарна акција од продажен карактер за собирање парични средства за лекување во странство на нашиот храбар, млад сограѓанин Димитар Несторовски.

Вештите раце на жените од ГРОМ, со љубов, подготвија најразлични специјалитети, вистински мали уметнички дела од тесто и од чоколада, кои жените од Карпош 2 ги донираа, а жените од ГРОМ-Карпош ги купија. На оваа хуманитарна акција учествуваа околу 200 жени.

На настанот се обрати претседателката на месниот форум, Слаѓана Ристоска, претседателката на Форумот на жени ГРОМ-Карпош, Добрила Андоновска, и мајката на храбриот Димитар, Кристина Несторовска. На сопствена иницијатива, со големо задоволство на настанот присуствуваше и кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија, проф. д-р Зоран Поповски, а гости беа и членките на Форумот на жени ГРОМ-Ѓорче Петров. Се покажа иницијатива да се продолжи со ваков тип хуманитарни акции во сите месни форуми на жени во Карпош, за собирање на што е можно повеќе парични средства, како и за истовремено да се подигне јавната свест за хуманост, секогаш кога таа е потребна.

Кликнета за фотогалерија

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin