Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Бројот 4 за претседателскиот кандидат на ГРОМ

проф. д-р.Зоран ПоповскиПретседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски, на вчерашното ждребување во Државната изборна комисија за редоследот на гласачкото ливче на претстојните претседателски избори, го доби бројот 4.

Имено, вчера, 17 март 2014 година, се одржа 72. седница на Државната изборна комисија, а предмет на седницата беше утврдување на редоследот на кандидатите за претседател на државата на гласачкото ливче на претстојните претседателски избори. Најпрвин беше утврден редоследот по кој претставниците на партиите ќе го извлекуваат бројчето што на гласачкото ливче треба да стои пред името на кандидатот, а потоа беше спроведено и ждребувањето.

Претставникот на Граѓанска опција за Македонија, Владо Поповски, шеф на изборниот штаб на Зоран Поповски, го извлече бројот 4. Со тоа и официјално се утврди дека на избирачкото ливче пред името на кандидатот за претседател од Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски, ќе стои бројот 4.

 

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin