Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Интервју: Кандидатот Поповски – на „ринг“ со Боцевски

Зоран ПоповскиДенес, во радио емисијата “Ринг” на Ивица Боцевски на Радио Слободна Македонија гостуваше кандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ г-дин Зоран Поповски.

Поповски на прашањето за тоа кој бил мотивот да ја прифати одговорноста како претседателски кандидат, одговори дека во својот живот ги поминал сите фази на преминувањето на Р.Македонија од едноумието кон плурализмот, но дека реално ништо се нема променето. Затоа, изјави Поповски, првиот и најголемиот мотив за неговата кандидатура била желбата за неговата генерација конечно да помогне кон позитивни промени во државата.

Во текот на разговорот, се разговараше и за обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ директно помогнало во собирањето на потписите за кандидатурата на Поповски, на што тој одговори “Јас не очекувам СДСМ да аплаудираат на нашиот успех. Од формирањето на ГРОМ досега има поминато шест месеци, а партијата веќе брои повеќе од 23.000 членови. До денес се конституирани 47 општински организации низ републиката, таа инфраструктура претставува гарант дека можете да мобилизирате луѓе кои ќе ја спроведат иницијативата и идејата на ГРОМ.”

Претседателскиот кандидат на ГРОМ исто така ги потврди позициите на партијата по прашањето за проблемот со соседна Грција, односно цврстите позиции за недопирање во идентитетот и името, а притоа и презентираше дел од својата програма.

Целосното интервју можете да го преслушате на следниот линк: Интервју, Зоран Поповски – Ивица Боцевски, Ринг-Радио Слободна Македонија.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin