Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ОО-ГРОМ Битола на комеморација по повод денот на депортација на македонските Евреи

ГРОМ БитолаГРОМ е партија што во својата структура ги вклучува сите етникуми што живеат во Македонија и покажува огромна почит кон религиските и културните обележја.

Токму поради тоа, на денешната комеморација по повод 71-годишнината од депортацијата на повеќе од 7.000 Евреи од Македнија, од кои 98 проценти го загубија својот живот во логорот на смртта „Треблинка“, Општинската организација на Граѓанска опција за Македонија – Битола искажа почит кон еврејската заедница, положувајќи свежо цвеќе на спомен-обележјето посветено на овој настан.

Александра Стојановска

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin