Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

СО ПОЧИТ КОН ЖЕНИТЕ И НИВНИТЕ ДЕЛА

DSCN1380Форумот на жени на ОО ГРОМ Охрид, Осми март го прослави во духот на партиското мото, а тоа е пред се, дружба и блискост меѓу членството и симпатизерите. Со скромна забава,  но затоа богата со смеа и расположение, членките на Форумот на жени  на ОО ГРОМ-Охрид го прославија Осми март.

Некои Осми март го гледаат како празник кога нешто мора да се подари на секоја дама, некои сметаат дека не може без убава трпеза и музика, но секој има право да го прослави Денот на жената онака како што го чувствува празникот и да ја слави жената на свој начин.

Претседателот на ОО Гром Охрид, Љупчо Настоски, им подари на сите присутни дами цвеќе како знак на почит кон дамите, но и благодарност за нивната ангажираност  во партијата затоа што жените, од ден на ден, стануваат се повидливи во активностите на ГРОМ.  Воедно, господинот Настоски ја искористи приликата да им го честита празникот на жената на сите припаднички на понежниот пол во нашиот град Охрид.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin