Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ нуди излез од политичкиот ќор-сокак

ГРОМ нуди излез од политичкиот ќор-сокакКандидатот за претседател на државата од редовите на Граѓанската опција за Македонија, Зоран Поповски, денеска во штабот на Општинската организација на ГРОМ од Чучер – Сандево, се сретна и разговараше со поддржувачите на третата политичка опција. Во присуство на претседателот на ОО на ГРОМ од Чучер Сандево, Аце Црничиќ, говореше и генералниот секретар на ГРОМ Виктор Цветковски, кој најпрвин се заблагодари за топлото добредојде на своите домаќини, а потоа го претстави профилот на претседателскиот кандидат Поповски.

– Со неговата импресивна политичка и професионална кариера, професорот Поповски покажува дека ГРОМ на претстојните претседателски избори ќе настапи со сериозен кандидат, кој еднакво ќе ги застапува интересите на сите граѓани во земјава – посочи Цветковски.

По бурните аплаузи, се обрати човекот чиј императив е да ги врати честа и достоинството на македонскиот граѓанин преку својот претседателски мандат, проф. д-р Зоран Поповски.

– Мојот приоритет, пред сè, е да создадеме услови во кои ќе градиме граѓанско општество, каде ќе живееме едни со други, а не едни покрај други. Затоа ќе се погрижам првиот човек на државата да биде главен стожер на етничката стабилност, која сама по себе раѓа просперитет – рече Поповски.

Своите идеи, кандидатот за татко на нацијата ги претстави и пред чаирчани, кои во општинскиот штаб на ГРОМ, дебатираа за суштествени прашања од областа на економијата, безбедноста, образованието и визијата за современа Македонија.

– Евроатланските интеграции се можеби најважниот сегмент кој треба да се интензивира во претстојниот период. Ние мораме да ја вратиме довербата кај меѓународната заедница. Нам ни се потребни странски инвестиции, но, пред сè, од особена важност е членувањето во меѓународните институции бидејќи, освен политичката стабилност, нашата држава ќе има можност да ги користи европските фондови за развој на стопанството и на инфраструктурата. Да напоменеме дека не се работи за нови кредитни задолжувања, туку за неповратни средства кои би ги вложиле во продуктивни цели – резонираше Зоран Поповски.

ГРОМ нуди излез од политичкиот ќор-сокакКандидатот за прв човек на државата, придружуван од членовите на Извршниот одбор на ГРОМ, Ѓорѓи Чакарјаневски, Чедомир Саздовски и претседателот на Градската организација на ГРОМ – Скопје, Александар Трајановски, со својата визија го привлече вниманието на присутните со сограѓани.

– Потребна е деконтаминација на судството. Во услови, во кои нема политички дијалог ниту дебата, претседателот на државата е тој што треба да го придвижи процесот на соработка. Во моментот кога ќе почувствувам дека е загрозен интересот на граѓаните, ќе вршам легитимен притисок врз државните институции, за да се реши конкретниот проблем. Со еден збор, ќе бидам мегафон на јавноста – истакна Поповски.

Двете средби поминаа во конструктивна атмосфера и меѓусебна интеракција и несомнено побудија голем интерес кај граѓаните, кои изразија желба за повторно скоро видување.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin