Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Проверете се во избирачките списоци

ГРОМПочитувани членови, симпатизери на ГРОМ, почитувани граѓани: Проверете дали ќе гласате на претстојните претседателски избори!

 Дали Ве има во избирачките списоци?

 За таа цел треба да извршите јавен увид во избирачките списоци кои се наоѓаат во општинските канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) во просториите на сите општини во Република Македонија или преку интернет, на веб-страницата на ДИК, т.е. на следниов линк (www.izbirackispisok.gov.mk). На интернет-страницата во горното бело прозорче се внесува единствениот матичен број, а во долното прозорче кодот од дадената слика (која на секој клик е различна). Најгоре десно, над прозорчињата, можете преку знамето да го изберете матичниот јазик на кој ќе пребарувате на интернет-страницата.

 Увидот во избирачките списоци е почнат на 16 февруари и ќе трае заклучно со 7 март 2014 година во периодот од 8.30 до 19 часот.

До тој датум, со документ за идентификација, лична карта или пасош, можете да си проверите дали сте во избирачкиот список и доколку ве нема, да се впишете.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin