Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Претседателскиот кандидат на ГРОМ меѓу членството и симпатизерите

Претседателскиот кандидат на ГРОМ меѓу членството и симпатизеритеПретседателскиот кандидат на Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски, и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вчера, 25 февруари 2014 година, беа гости кај своите сопартијци од Аеродром и од Кисела Вода. Аеродромци го прославуваа отворањето на нивната канцеларија, а во Кисела Вода членовите на ГРОМ организираа трибина за средба со претседателскиот кандидат и со претседателот на партијата. 

„За само пет месеци, Граѓанска опција за Македонија ја утврди својата организациска структура и успеа во рекорден рок да се квалификува во трката за претседател на државата. Во оваа трка ќе има само три натпреварувачи, па самото тоа што нашиот претседателски кандидат, Зоран Поповски, е еден од нив е причина да се гордееме и да славиме.“ Со овие зборови претседателот на ГРОМ, Јакимовски, ги поздрави своите сопартијци од Аеродром.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ меѓу членството и симпатизеритеЛидерот на партијата им се обрати и на членовите на ГРОМ од Кисела Вода: „ Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за сесрдната поддршка што му ја дадовте на нашиот кандидат за претседател во постапката за собирање 10.000 потписи, но и да истакнам дека Извршниот одбор на партијата одлучи за шеф на изборниот штаб на претседателскиот кандидат да ги именува Владо Поповски“, рече Јакимовски пред членството од оваа Општинска организација.

На трибината подготвена од ОО на ГРОМ – Кисела Вода, свое обраќање до членовите и симпатизерите имаше и кандидатот за претседател на Граѓанска опција за Македонија, Зоран Поповски. Тој им упати честитки на членовите на ГРОМ од оваа општина за максималниот придонес во собирањето потписи за кандидатура, подвлекувајќи дека самиот чин на гласање, зад параванот, е важен, но дека потписот за поддршка на одреден кандидат е демонстрација на храброст.

„Сакам да знаете дека ниту за момент нема да се препуштам и да уживам во функцијата претседател. Таа е навистина голема одговорност, пред сè, во однос на надворешната политика, во поглед на која можам да кажам дека партискиот став дека името не сме го добиле на референдум, ниту можеме на референдум да го утврдуваме, е и мој личен став. Секако, со добро подготвена, аналитички поткована и непровоцирачка политика, ние можеме да најдеме решение за напредок на соживотот со нашите соседи“, рече Поповски пред членовите и симпатизерите на Граѓанска опција за Македонија од Кисела Вода.

 

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin