Жените од ГРОМ-Карпош во хуманитарна акција
Форумот на жени ГРОМ-Карпош, со сесрдна помош на жените од Нерези, организираше и спроведе хуманитарна акција во две семејства во социјален ризик. Посетени беа семејството Керими, со дванаесет членови од кои најмалиот член е женско двонеделно бебе и семејството Исмаили со четири члена. Хуманитарната помош се состоеше од: прехрамбени продукти, средства за лична хигиена и хигиена во домот, алишта и обувки.
Форумот на жени на ГРОМ-Карпош, при оваа акција ги лоцираше најголемите проблеми со кои се среќаваат овие две семејства од Долно Нерези. Обврска е веднаш да се обезбеди креветче за новороденото бебе, да се помогне околу обезбедување на потребна документација и аплицирање за паричен надоместок во висина од 4000 денари, кој го обезбедува Општина Карпош на новороденчињата од социјално загрозени семејства, како и за социјален надоместок и еднократна парична помош.
Форумот на жени ГРОМ-Карпош е во постојана активност, со цел помагање на семејствата кои имаат потреба од секаков вид поддршка.