
Членот на Централниот одбор на ГРОМ и Претседател на Општинската организација ГРОМ Карпош, м-р Оливер Станоески, изминатиот викенд (21-24.02.2014) за прв пат ја промовираше Граѓанската опција за Македонија надвор од државните граници. Како претставник од ГРОМ, тој беше дел од Регионалната академија за демократија (РАД)
www.radwb.eu, која има за цел да ги собере заедно новите генерации на политичари од регионот на Западен Балкан, и притоа да воспостави едно ниво на заемно разбирање и соработка.
Академијата опфаќа пет сесии на предавања-семинари, четири во регионот (Србија, Македонија, Косово и БиХ) и една во ЕУ (Северна Ирска/Полска), и истата е финансирана од Европската Унија.

Тема на овој прв семинар беше еден од најактуелните дискурси на расправа, а тоа се човековите и малцинските права, со акцент на миграционата политика во регионот.
Претставникот на ГРОМ Оливер Станоески активно се вклучи во дебатата на оваа тема, заедно со останатите шест претставници на политички партии од Македонија, при што ги изнесе гледиштата на Граѓанската опција за Македонија за ова исклучилително сензитивно прашање.