Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ „го освојува“ Скопје

Граѓанската опција за Македонија, од ден на ден станува се поприсутна меѓу граѓаните од главниот град. На, 23 февруари 2014 година, во Центар, на булеварот Илинден, се отвори уште една канцеларија на Граѓанска опција за Македонија. Членството и симпатизерите на ГРОМ од оваа општина со мал коктел го одбележаа свечениот чин на отворањето на нивното ново катче, а меѓу гостите беа и претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски и кандидатот за претседател на државата, Зоран Поповски.

– Посакувам оваа просторија секогаш да биде полна со граѓани и драго ми е што Општинската организација на ГРОМ од Центар од ден на ден станува сè посилна и подобро организирана. Сметам дека оваа канцеларија ќе ги привлече граѓаните за да можеме со нив да ги споделиме нашите идеи, но и ќе зрачи позитивна енергија кон нив за да знаат дека и овде, на Илинденска, чади оџачето на ГРОМ – порача лидерот Јакимовски. Тој истакна дека ова е прва канцеларија на ГРОМ во Центар, но и дека постои интерес и желба да се отвори уште една, кај Зелено пазарче.

На членовите на ГРОМ од Центар им се обрати и претседателскиот кандидат, Зоран Поповски, кој подвлече дека потпишувањето за поддршка за кандидатура на претседател е похрабар чин од самото гласање зад параванот, па затоа тој особена благодарност упати до тие граѓани на Центар што со потпис ја поддржаа неговата кандидатура.

– Единствено што можам да ви ветам е дека од мене нема да се посрамите. Нема да слушнете гафови и лоши зборови, ќе се обидеме да водиме позитивна кампања која нема да се базира на плукање на конкурентите, кои и да бидат тие – рече Поповски, истакнувајќи дека ГРОМ ќе понуди концепт со кој ќе биде можно обединување на разделеното македонско граѓанство.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin