Жените од ГРОМ – КАРПОШ спортуваат и се рекреираат
Форумот на жени при Општинската организација на ГРОМ – Карпош денеска, 22 февруари 2014 година, почна со реализација на една од активностите предвидени со програмата на Секторот за спорт и рекреација при ФЖ на ГРОМ – Карпош. Претставничките од понежниот пол од Граѓанска опција за Македонија од Карпош се собраа за да се дружат низ спортско-рекреативни активности.
– Секторот за спорт и рекреација при Форумот на жени на ГРОМ – Карпош е само еден од секторите што ние ги формиравме досега. Тој веќе има подготвено своја годишна програма, која е детално разработена и опфаќа различни спортски активности, а денеска почнуваме со реализација на активност која на нашите членки им нуди можност еднаш неделно, секоја сабота од 12.30 до 13.30 часот рекреативно да се дружат – рече претседателката на ФЖ на ГРОМ – Карпош, д-р Добрила Андоновска.
Деталите за програмата на Секторот за спорт и рекреација ги образложи Мирјана Ташковска, одговорна за овој сектор.
– Програмата за спорт на Форумот на жени на ГРОМ – Карпош опфаќа повеќе активности, а секако најинтересна ќе биде можноста, барем двапати неделно, во континуитет, во некоја од спортските да практикуваат спорт и рекреација. Целта ни е на сопартијките да им овозможиме да стекнат подобра физичка кондиција, да бидат поздрави, а со тоа и пополезни за себеси и за своето семејство.
Покрај ова, програмата предвидува и натпревари, најпрво на ниво на месните одбори, а потоа и меѓу општинските организации, во надеж дека оваа активност ќе успееме да ја прошириме на републичко ниво – рече Ташковска.