Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Спој на вековните традиции во организација на ФЖ на ГРОМ – Карпош

ФЖ ГРОМ - ТрифунФорумот на жени при ОО на ГРОМ – Карпош, вечерва, 14 февруари 2014 година, во централниот штаб на партијата, за своите членки и за гостите, приреди свечена прослава на празниците Свети Трифун и Свети Валентин. Во пријатна атмосфера, низ поезија и музика, членките  на Граѓанска опција за Македонија заеднички ги одбележаа Денот на вљубените и Денот на винарите и на лозарите.

– Вечерва овде сплотуваме два празника, еден православен и еден католички, ги испреплетуваме вековните традиции… Нашата дружба има голема симболика: покажуваме и докажуваме масовна поддршка на политиките на Граѓанска опција за Македонија, како и дека постои еднаквост меѓу различните култури, вери и обичаи – истакна претседателката на Форумот на жени на ГРОМ – Карпош, д-р Добрила Андоновска.

Таа им се заблагодари на сите жени што дадоа свој придонес за атмосферата да биде во духот на празниците, но и на сите членки и гости кои со своето присуство го збогатија свечениот чин. За прославата навистина да биде во боите на виното и на љубовта, се погрижи и хорот „Серенада“ со неколку извонредни изведби, но и поетесите Виолета Сековска и Лидија Јеремиќ. Како благодарност за нив и за специјалните гости на вечерта – лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, и претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски – жените од Карпош имаа подготвено и скромни подароци.

За крај, претседателката на Форумот на жени на ГРОМ – Карпош, Андоновска, ги покани жените на уште една дружба, овојпат во организација на Форумот на жени на ГРОМ – Влае,  предвидена за средба со урбаниот лик Баба Рада. Таа, покрај тоа, ги повика претставничките на понежниот пол од ГРОМ од 16 февруари да го дадат својот ценет потпис за поддршка на кандидатурата на Зоран Поповски за претседател на државата.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin