Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

Виктор Цветковски

– генерален секретар на ГРОМ

Деновиве претседателот на Собранието на РМ ги распиша претседателските избори за 13-ти април 2014 година, но верувам дека ќе го споделите чуството со мене, дека тоа нешто, не предизвикува некоја еуфорија, ниту кај политичките партии, уште помалку кај граѓаните на Република Македонија. Имам чувство дека амбиентот во државата е како да немаме избор на најбитната, најпрестижната функција во државата, дека треба да го избереме „ТАТКОТО НА НАЦИЈАТА“. Скоро две недели (изборите беа распишани на 01.02.2014) изборните процеси не предизвикуваат некое поголемо внимание, (со исклучок на најавата на претседатескиот кандидат на ГРОМ,) сето друго се сведува на шпекулации, калкулации, анализи и прогнози.

И сето тоа многу повеќе, како повод и причина да се калкулира со евентуалните предвремени парламентарни избори, дури се оди до таму претседателските избори да се користат како можност за евентулни „политички пазари“, па се излегува со можни предлози од типот на „консензуални“ кандидати, па доколку не успее таквиот предлог, тоа е доволна причина и за евентуален бојкот на претседателските избори и парламентарна криза во Република Македонија, што секако разрешницата би ја барале со евентуалните предвремени парламентарни избори.

Но, ако следите внимателно, никој од предлагачите на таквиот предлог не излезе отворено да соопшти пред пошироката јавност, што во суштина подразбираат под „консензуален претседателски кандидат“. Дали тука сметаат дека тој кандидат треба да ги обедини и претставниците на политичките партии од власта и опозицијата, или треба да ги обедини сите граѓани што живеат во Република Македонија, без разлика на етничката, верската дури и политичката припадност, или за нив е доволно да се договорат внатре во коалицијата, за да застанат позади еден кандидат и да продолжат да функционираат како едно големо „среќно“ семејство, по принципот „НА ТИ – ДАЈ МИ И ОБРАТНО“. Дали тоа е КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ?!!!

Се наметнува прашањето дали е доволно да се изгради консензус внатре во коалицијата, а секако тоа подразбира „сфери на контрола“, кои ќе ги договорат партнерите меѓу себе. Но дали тоа е начинот на кој треба да се решаваат клучните државни позиции. Дали таквото решение ќе биде доволен репрезент на граѓаните на Република Македонија, јас тврдам, СИГУРНО НЕ. Не е доволно претседателот да го договорат две политички партии. Не случајно изборниот законик за претседателот на Државата, предвидува непосредни избори, граѓаните се оние кои што го даваат мандатот за најодговорната функција на државата, тие се изворот на легитимитетот и суверенитетот на претседателот.

Уште повеќе навредува фактот што предводниците на двата спротиставени политички блока калкулираат со претстојните избори. Оставаат непосредно пред изборите да обелоденат со кои кандидати ќе излезат пред граѓаните на Република Македонија и ќе побараат подршка за истите. Но дали треба така, дали граѓаните не треба да добијат многу повеќе шанса да ги запознаат можните кандидати, да имаат можност да дознаат многу повеќе за нив, по темелно да ги опсервираат, нивната личност, нивната способност да ја предводат Република Македонија. Ако ги погледнеме меѓународните искуства, колку порано почнуваат подготвителните внатрепартиски кампањи за утврдување на можниот кандидат, дебати внатре во партиите, внатрепартиски избори за да членството застане позади одреден кандидат, дури потоа утврдениот кандидат ќе излезе на избор пред граѓаните. Една ваква процедура, својствена за демократски држави со изразени демократски капацитети ни дава можност, да сите можни кандидати ги анализираме од сите множни аспекти. На тој начин ни се дава можност низ нивните настапи, дебати да ги оцениме нивните можности и капацитети да избереме прав репрезент на Република Македонија во бурните меѓународни политички води.

И врз основа не сето претходно кажано, ме радува фактот што партијата на која јас припаѓам прва го истакна својот кандидат за Претседател на Република Македонија. Со истакнувањето на кандидатот проф. Др. Зоран Поповски пред се на граѓаните им се дава можност да го анализираат човекот кој со својата импресивна  професионална и политичка  кариера, со неговата скромност, непосредност и елоквентност убеден сум дека ќе ги освои симпатиите на граѓаните на Република Македонија. Секако, силен адут на господинот Поповски е мултиетничкиот карактер на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, во партијата членуваат сите етнички заедници што живеат во Република Македонија, позади неговата кандидатура ќе застанат и Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Црногорци, Хрвати, Словенци и сите оние кои што живеат во Република Македонија и ја чувствуваат за своја земја. И знам и убеден сум во тоа, дека потврдата на оваа моја теза ќе дојде во недела, на 16ти февруари кога почнува собирањето на потписите за претседателските кандидати во сите подрачни единици на ДИК.

Затоа, топло ве повикувам сите оние кои добро и мислиме на Република Македонија, да дадеме свој придонес кон изградба на Република Македонија во една современа, демократска и суверена држава, и конечно да дадеме можност граѓаните да добијат Претседател кој ќе произлезе од нас како израз на нашата непосредна волја, и како репрезент на општото добро, на овие избори нека победи граѓанскиот концепт.

Господине Поповски јас сум убеден дека граѓаните во нашата Македонија ќе ве доживеат како „ТАТКО НА НАЦИЈАТА“, како човек што секогаш Република Македонија и нејзините граѓани ги имате ставано во прв план, и на овие избори тоа уште еднаш ќе го потврдите, НЕКА ВИ Е СО СРЕЌА.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin