Деветта седница на ИО на ГРОМ
ПРЕПОРАКА ЗА САМОСТОЕН НАСТАП НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ
Раководството на Граѓанската опција на Македонија, на денешната (сабота 8 февруари 2014) Деветта седница на Извршниот одбор ги разгледа сите аспекти за настап на претстојните претседателски и евентуални предвремени парламентарни избори.
Врз основа на направените анализи Извршниот одбор донесе заклучок, на седницата на Централниот одбор на Граѓанската опција на Македонија која ќе се одржи утре на Скопски саем, да му предложи на Централниот одбор, кој е второ тело во хиерархијата на партијата по Собранието, да донесе одлука за настап на претстојните претседателски избори.
Во исто време, на утрешната седница на ЦО ќе биде утврден и претседателскиот кандидат од редовите на ГРОМ кој ќе се вклучи во претседателската трка.