Расте семејството на ГРОМ
Граѓанската опција на Македонија, досега основаше 40 општински организации ширум Македонија. На основачките собранија освен претседатели на општинските организации беа формирани и надзорните и општинските одбори, а речиси во сите се формирани форумите на млади и форумите на жени.
Освен тоа, со засилени работни средби рапидно се шири семејството на ГРОМ, а со тоа и идејата и визијата на Граѓанската опција на Македонија. Тоа е уште еден показател дека ГРОМ е подготвен за старт на предвремени парламентарни избори.
Инаку основачките собранија беа масовно посетени од сите членови од општинските организации,а кон оваа нова партија во политичкото поднебје пристапуваат се повеќе членови и од поголемите и од помалите политички партии, што почна веќе да предизвикува бранување и напнатост на политичката сцена во Македонија.