Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Интервју: Штип е град на жените

Штип е град на женитеДрагана Ѓоргиева

претседателка на ОО на партијата ГРОМ во Штип

Иван Бојаџиски

Штип е пријатно изненаден од фактот дека за првпат во плурализмот за претседател на Општинската организација на една партија е избрана жена. Како се случи тоа?

– Сакам да потсетам дека Штип е град на жените, на илјадници работнички во текстилните фабрики, кои социјално го спасија градот во едно клучно време на транзицијата. И поради овој факт сметам дека жената, како политичко суштество, и во мојата општина досега беше мошне запоставена. Во однос на прашањето како се случи моето застанување на чело на ГРОМ во Штип, можам да кажам дека тоа е резултат на синергијата која се јави меѓу мене и нашиот претседател Стевчо Јакимовски. Накусо кажано, и двајцата го сакавме тоа, а фактот дека сум жена е само предност повеќе како за мене исто така и за партијата.

Целото интервју можете да го прочитате на следниов линк: http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=5A9D6DD6943D574AB8EFBB00828927EE

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin