Новогодишна честитка од ГРОМ
Граѓанската опција на Македонија –ГРОМ на сите свои членови, и на сите граѓани на Република Македонија им ги честита новогодишните и божиќни празници и им посакува многу здравје, лична среќа и успех во Новата 2014 година.
Нека оваа година биде година на мир, љубов и толеранција, на подем на граѓанинот и на граѓанската визија за Македонија.
Стевчо Јакимовски
Претседател на Граѓанска опција за Македонија-ГРОМ