Новогодишна магија за децата со посебни потреби од Кичево
Претставници на Општинската организација на ГРОМ – Кичево, предводени од претседателот на ОО од овој град, Анто Трајановски, вчера организираше хуманитарна акција што им беше посветена на штитениците на Дневниот центар за деца со посебни потреби – Кичево.
Членови на Граѓанска опција за Македонија од Кичево за дечињата од Дневниот центар подготвија новогодишни пакетчиња, со кои им посакаа здравје и многу љубов во Новата 2014 година. Општинската организација на ГРОМ и нејзиниот претседател, Анто Трајаноски, им посака и успех во работата на вработените во Дневниот центар, кои својата љубов кон овие деца секојдневно ја преточуваат во практика.
Општинската организација на ГРОМ од Кичево оваа акција ја организира со намера на штитениците на Дневниот центар за деца со посебни потреби да им пружи можност да почувствуваат дел од новогодишната магија и да покаже дека среќата е поубава кога се споделува.