
Во недела, 29.12.2013 год. во 12 часот, во Бизнис салата на Скопски саем, ќе се одржи Втората седница на Централниот одбор на Граѓанската опција на Македонија-ГРОМ. На дневен ред се неколку суштински точки за функционирање на партијата, и тоа формирање на градската организација на ГРОМ, формирање на форумот на жени и форум на младите.
По тој повод, во 13.15 часот претседателот на Граѓанската опција на Македонија Стевчо Јакимовски ќе одржи конференција за печат за присутните медиуми.