
Извршниот одбор на Граѓанска опција за Македонија ги известува своите членови од Неготино дека Основачкото собрание на оваа Општинска организација на ГРОМ, поради лошите временски услови, се одложува.
Истото ќе се одржи по новогодишните празници, а за деталите во врска со времето и местото на одржување, членовите на ГРОМ од Неготино ќе бидат благовремено известени.