Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Основачко собрание на ОО Гром-Прилеп

Основачко собрание на ОО Гром-ПрилепНИ ТРЕБА ВЛАДА ЗА ПОЧИТ, А НЕ ЗА СТРАВ

Приватниот претприемач Златко Пирганоски е првиот претседател на Општинската организација на ГРОМ од Прилеп.Ова, вчеравечер (11 декември 2013), едногласно го изгласаа членовите на ОО ГРОМ-Прилеп на Основачкото собрание на кое учествуваа повеќе од 100-тина делегати од градот под Маркови Кули.

Основачкото собрание на кое беа избрани Општинскиот и Надзорниот одбор на ГРОМ-Прилеп го поздрави Даниела Атанасоска, од името на младите, која порача дека  младите од овој град сакаат една поинаква и поубава Македонија.

-Ние пристапивме кон оваа млада политичка партија, рече Атанасоска, затоа што ја чувствуваме исто блиска и слична на нас, млада и просперитетна.

-Она што мене ме врза за оваа партија, изјави во свечената пригода новоизбраниот претседател Пирганоски, е идејата и програмата на ГРОМ. Тоа што станува збор за мултиетничка партија, во која нема да има потиснување на другите политички субјкекти, а сепак ќе се бори за власта. Во ГРОМ нема национализам и сепаратизам, туку го избравме демократскиот пат за постигнување на она што си го поставивме како цел во Програмата. Во таква идеја се препознав јас, рече Пирганоски.

Од името на Извршниот одбор присутните прилепчани ги поздрави потпретседателот на ГРОМ Горан Анчески кој истакна дека „ГРОМ со задоволство ќе биде одговорна за создавањето на подобро утре за сите лојални граѓани на Република Македонија.“

-Нашата партија, рече Анчески, за кратко време почна да котира на политичката сцена во Македонија и  се наметна како трет релевантен политички субјект после ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Според последните анализи, рејтингот на партијата изнесува 5,3% додека рејтингот на лидерот Стевчо Јакимовски – 6,4%, рече Анчески. Говорејќи за мисијата и заложбите на ГРОМ, тој истакна дека оваа партија од центарот ќе се залага за еднаква и неселективна примена на законите на сите подрачја и за сите граѓани, за интеграција во ЕУ и НАТО, за реформа на јавната администрација и за дескопјеизација. Не е дозволиво 44% од БДП, рече потпретседателот на ГРОМ, да се создава во Скопје, а останатите 56% во другите региони во државата.Тоа не е добро за економскиот развој на Македонија кој треба да се дисперзира во другите градови. Среднорочен предизвик на ГРОМ е, рече Анчески, да се достигне 7.500 долари БДП по глава на жител, намалување на невработеноста на 18% и зголемување на вработеноста на 54%. ГРОМ, ќе формира академија за млади со цел подмладокот на оваа партија да се обучува за пресретнување на политичките и економските предизвици во современото општество и за побрзо и поефикасно вработување.

Стевчо Јакимовски, претседателот на Граѓанската опција за Македонија на присутните членови и на новоизбраниот претседател Пирганоски им го честиташе конституирањето на раководството на ОО ГРОМ-Прилеп и го изрази личното задоволство дека голем број млади од овој храбар град, му пристапуваат на ГРОМ, што е јасен знак дека партијата е на вистинскиот пат. „Нашата идеја е рече во своето поздравно обраќање лидерот на ГРОМ Јакимовски, е да отвориме пат и простор за идно политичко дејствување токму на младите.“

-Нашата политичка состојба воопшто не е розова, констатираше Јакимовски. Политичкиот дијалог, внатре во државата, е зелосно замрен. Двете најголеми партии се занимаваат исклучиво со себе и со плукање една по друга.Нема комуникација власт-опозиција. Но, ГРОМ ќе биде поинаков, рече Јакимовски.Таквото однесување ќе им го оставиме ним, а граѓаните сами ќе можат да проценат кој ја говори вистината, кој лаже, кој остварува ветувања, кој не. ГРОМ се залага за мултиетничко општество во кое сите граѓани ќе имаат еднакви услови за школување, за културна надградба, приближно иста инфраструктурна изграденост. Тој се заложи за смалена буџетска потрошувачка која му облекува „оловни чевли“ на стопанството, наместо парите да останат во него и за граѓаните. Ние осум години по ред распишуваме тендери за ХЦ Чебрен и никако да почнеме да го градиме, иако за нејзино финиширање треба најмалку 15 години, рече лидерот Јакимовски. Наместо да почнеме сами да ја градиме и да ангажираме градежната оператива, ние само залудно се обидуваме.

Во незавидна состојба е и земјоделието, истакна првиот човек на ГРОМ, во кое за осум години се вложени 1,2 милијарди евра, а неговото учество во БДП е смалено од 11,3 на 9,4%, наместо да расте. Тоа говори дека или не е вложено толку пари или дека се применуваат сосема погрешни земјоделски политики. Стевчо Јакимовски во името на ГРОМ се заложи за намалување на дискреционите права на централната власт и на министрите, давајќи му повеќе слобода и права на еснафот, на стопанските асоцијации, бидејќи тоа се интенциите и на ЕУ.

Конечно ГРОМ се залага за демократски политички простор во кој секој ќе си го каже своето мислење без да се плаши, а не да имаме власт која сее страв. Ние треба владата да ја почитуваме, а не да се плашиме од неа, заклучи Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin