Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Алекса Копачев – претседател на ГРОМ Босилово

ГРОМ БосиловоЗДРУЖЕНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СЕ СИЛНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Алекса Копачев е новоизбраниот претседател на 16-тата по ред Оштинска организација на Граѓанската опција за Македонија во Босилово. Него вечерва го изгласаа делегатите од ова струмичко село на Основачкото собрание  во големата општинска сала, на кое присуствуваа  претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски како и членови на Извршниот и Централниот одбор на оваа новоформирана партија на македонската политичка сцена.

-ГРОМ е политички субјект кој во Република Македонија ќе донесе сериозни промени во општеството и подобар живот за сите, истакна Копачев во поздравниот говор до присутните на Основачкото собрание во Босилово. Во својата програма оваа партија, преку својот сериозен пристап, ги определи вистинските услови за развој на земјоделието, а Општина Босилово е земјоделски крај. Развојот на земјоделието ќе се насочи кон негово засилување, зголемување на додадената вредност и развој на нови производи. За тоа е нужно да се донесат нови законски прописи со кои суштствено ќе се изменат односите во заштита на земјоделците и фармерите, во смисла на ослободување од царини, слободна трговска размена, укинување на данокот на доход од земјоделска дејност и негово ставање во реинвестиции, наброја пред присутните новиот претседател на ОО ГРОМ-Босилово. Тој на присутните членови и симпатизери им вети дека ГРОМ ќе воведе нова откупна политика и транспарентно доделување на државното земјоделско земјиште на вистинските земјоделци.

Копачев во име на ГРОМ вети дека ќе ја анализира работата на јавните претпријатија кои ја испорачуваат водата за наводнување и антиципираше дека анализата ќе доведе до укинување на надоместокот за наводнување, затоа што водата е природно богатство, а испораката ќе биде финансирана од буџетот.

ГРОМ, нагласи Копачев се залага за здружување на земјоделците, бидејќи здружените земјоделци се силни земјоделци. Таквите здруженија оваа партија од центарот ќе ги помага. Тој на крајот рече дека се потребни силни инвестиции во македонското село, доколку сакаме да ја намалиме миграцијата село- град и младите да останат во селата каде ќе ги имаат сите услови за живеење како оние во град.

Со честитки за основаната општинска организација на ГРОМ Босилово и до новоизбраниот претседател се обрати и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимивски кој говореше за политичката визија на Граѓанската опција за Македонија и за нејзините парламентарни перспективи. – ГРОМ ќе биде сигурно дел од идната власт, рече тој, а идејата за формирање на оваа партија потекна од желбата на граѓаните да им се даде право на избор, право на трета опција, наспроти дводецениската „или-или“ опција, односно или ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, каде по правило се гласаше против некого, а не за некого.

-Нашите политички ривали, рече Јакимовски, нема да бидат наши непријатели, туку само противници со кои ќе се натпреваруваме во понуда на квалитетни идеи, а не со плукање и држење на тензии во јавноста. Укажувајќи на главните упоришта на ГРОМ, тој ја повтори идејата за овозможување на исти услови за живот и во последното село во државата, за „дескопјеизацијата“. Ние сме против тоа да сите инвестиции во државата да се слеваат само во Скопје, зашто треба да им се даде шанса да живеат и селата и малите општини, доколку не сакаме целосно да згаснат. На локалните власти, нагласи Јакимвоски мора да им се зголемат ингеренциите во сферата на социјалната заштита, здравството и безбедноста. Исто така тој се заложи за поконкурентно земјоделско производство по единица производ, а не 80 отсто од земјоделските површини да се вон системот за наводнување и да зависат од божјата волја.

Најавувајќи евентуални избори веќе во април следната година, тој рече дека нема економски стабилна Македонија, доколку нема политички стабилна држава. Ниту еден сериозен инвеститор не доаѓа да вложи во земја каде има чести промени на власта, на законите и нестабилни услови на инвестирање, заклучи Јакимовски.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin