Јакимовски: Договорот од Пржино создаде политичка наместо правна држава

GROM30.12.2015 година

Во вчерашното интервју на 24 Анализа, лидерот на Граѓанската опција за Македонија Стевчо Јакимовски, истакна дека Пржинскиот договор наместо да ја реши политичката криза, тој дополнително создава нови лавиринти, со кои се продлабочува истата, и самиот договор направи Република Македонија да биде политичка, а не правна држава.

Во својот коментар за изборот на специјалниот јавен обвинител, тој нагласи дека е избран на незаконит и неуставен начин, и дека самата специјална обвинителка Катица Јанева, доколку даде едностран призвук во својата работа, ќе го наруши кредибилитетот на целиот процес.

Претседателот Јакимовски нагласи дека медиумите се сервис со кој граѓаните имаат право да ја дознаат вистината, а не се канал со кој политичките партии ќе може да си ги пласираат своите ставови. ГРОМ како политичка партија е против медиумите да бидат предмет на поделба и преговори меѓу најголемите политички партии и да слушаме ВМРО-вски или СДСМ-овски „вистини“.