Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ГРОМ – ГРАЃАНСКА РЕАЛНОСТ И ПЕРСПЕКТИВА

М-р Сашо Мержаноски
Претседател на ОО ГРОМ Кисела Вода

Политиката станува насушна потреба на поединецот за да може полесно да ги разбере работите кои се однесуваат на државата и на граѓаните кои живеат во неа. Преку политиката човекот се издигнува над базичното кое што се наоѓа во неговиот ген, тоа е да преживува, да се снаоѓа за да може да опстои. Човекот кoj e  zoon politicon како што рекол Платон пред многу векови, својата смисла ја наоѓа токму во политиката за да го издвои примитивното од цивилизираното, да се надмине себеси во остварување на своите идеали, замисли и концепти.

Политичкото размислување на човекот е во корелација со неговата способност во пракса да ги анализира и предвиди работите и секако, врз основа на тоа свесно да делува, да поддржува или да се спротиставува на наметнатите политики од некој друг. Токму тука, политичкото битие одлучува дали ќе се поттчини на некој друг или ќе се издигне над сите да може тој да биде креаторот на својот живот. Со надминувањето на стравот, со развивањето на својата свест и разум човекот ја остварува својата идеологија, своето битисување во насока на материјализирање на своите идеи.

Тој сепак, ретко кога може сам да опстои во едно окружување кое е сочинето од многумина како него, други политички битија кои исто така во себе носат мисли, концепти за да овојпат сите заедно го достигнат нивото на самосвест и се обидат заеднички, сплотени во група да влијаат на околината во смисла на развивање на позитивни политики за доброто на заедницата.

Идеологијата е базичната точка од која треба да тргне секоја партија доколку сака да ги материјализира идеите кои како група на поединци ги носи во себе.

Идеологиите се разни, зависно од општествената поставеност на партијата во државата.

ГРОМ се наоѓа во политичкиот центар и како центристичка партија во таа насока треба да ги креира и прокламира своите политики и предлози на граѓаните. Обично за партиите на центарот се вели дека се партии на “третиот пат”, па затоа овде ќе ги изложам своите мислења во врска со тоа како  правилно да се дејствува во Република Македонија.

Во политиката, центризмот дефинира политичко гледиште на специфични позиции кои вклучуваат прифаќање или поддршка на балансот на социјалната еднаквост и одреден степен на социјална хиерархија.

Тука станува збор, пред се за социјалната правда, односно грижа за обичниот  човек, поголема посветеност на државата за таа категорија на граѓани, односно граѓани кои и во Македонија се всушност најзастапени.

Во Македонија работникот е ранлива категорија, особено во приватниот сектор кој цело време е изложен на притисоци, ниски плати, ограничување на работничките права итн (текстилните фабрики на пример, често примање само на минимална плата, примања на повисока плата од минималната на сметка а потоа дел од тие пари се враќаат на работодавците итн.).

Неодамнешното истражување на Заводот за статистика покажа дека само 1,4% од вкупниот број на вработени имале месечна заработувачка повисока од 40 000 денари. Повеќе од 10% одвработенитеземалеплатаодпетдоосумилјадиденари.Најголемпроцентодвработенитеили речиси 18% земаатплатаод 12 000 до 16 000 илјадиденари.Евеколкуодвработенитекаквиплатизаработувале:

  • до 8 000 денари 10,3%
  • до 10 000 денари 13,2%
  • до 12 000 денари 16,1%
  • до 16 000 денари 17,0%
  • од 20 000 до 25 000 денари 23,8%
  • до и повеќеод 40 000 денари 3,4%

Анализата на бројките покажува дека најголем дел од вработените лани, или повеќе од 109 илјади лица месечно живееле со плата од 162 до 200 евра

Доколку математички, збирно ги поставиме работите ќе видиме дека дури 39,3 % од граѓаните примаат плата со која не можат ни да прехранат едно семејство, па да не зборуваме понатаму за нормален, пристоен живот.

Значи ова се поклопува со социјалната правда, овозможувањето на остварување на идеологијата, политиката на центристичките партии кои пред се се залагаат за јакнење на синдикатот, работничите права, кои на крајот доведуваат и до примања кои ќе бидат пристојни за мнозинството граѓани на Република Македонија. Преку тоа се добиваат задоволни граѓани, посреќни луѓе кои токму ваквата политика ќе ги натера да размислуваат за политиката и за тоа што ГРОМ во иднина ќе им го понуди. Аналогно на тоа, имаме ситуација во која и граѓаните се задоволни и ГРОМ како граѓанска, центристичка партија ќе има можност  да ги привлече нив како свои редовни гласачи.

ГРОМ треба реално да ги анализира овие работи и во јавноста внимателно да ја гради својата политика во таа насока, затоа што токму тука се наоѓаат и луѓето кои се  скептици околу изборите и реално нив повеќе ги интересира дали редовно ќе ја примат платата за тековниот месец, отколку да се заинтересираат за политиката и за понудите на партиите.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin