ЖЕНИТЕ ОД ГРОМ ВО АКЦИЈА ЗА „ПОТОПЛИ“ ЗИМСКИ ДЕНОВИ

foz_zlokukjani017.11.2014 година

Форумот на жени ГРОМ-Карпош реализираше уште една хуманитарна акција, со цел да им помогне на најранливите категории граѓани кои поради претстојните студени зимски денови имаат итна потреба од топла облека, обувки и ќебиња.

Во оваа хуманитарна акција учествуваа сите членови на Форумот на жени ГРОМ-Карпош, но особен придонес имаа членовите на Форумот на жени на Злокуќани, предводени од претседателката на месниот форум, Билјана Симоновска.

Донацијата, во договор со Црвениот крст на Град Скопје, ќе биде доставена во пунктот на Црвениот крст на Водно, а од таму ќе биде дистрибуирана до поединците и семејствата на кои им е најпотребна.

foz_zlokukjani2

foz_zlokukjani3