Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Октоподот на СДСМ стана „интернационалец“

Press-22-10-201422.10.2014 година

Со последната серија апсења на МВР во која се инволвирани високи функционери на  СДСМ, дефинитивно паднаа маските во македонската политика.

Сведоци сме дека на СДСМ секојдневно му беше полна устата со борба против криминалот, и обвинувања за сите што не се „нивни“ дека се криминалци. Очигледно СДСМ едно збори, друго прави и функционира по принципот „држете го крадецот“.

Ова јасно покажува дека октоподот не само што не е уништен туку, од 1997 година наваму тој еволуирал во „октопод-интернационалец“.

Деновиве видовме дека неговите пипци се пуштени од Косово, преку Благоевград, Ливерпул се до Никозија-Кипар. И Господ само знае каде се завршуваат неговите краци.

Овојпат СДСМ не може да каже дека станува збор за бивш партиски функционер и да се оградуваат од него, зашто главата на овој криминал, Ванчо познат како Деликатес, во моментот е член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз.

Ако се има предвид дека  Ванчо Деликатес не беше универзитетски професор, ни аналитичар, а не беше ниту некој политички мудрец, туку служеше за финансирање на СДСМ, го охрабруваме обвинителот да ја прошири истрагата за да се види колку пари досега Ванчо Деликатес внел во касата на СДСМ и дали дел од овие 2,8 милиони долари завршиле во рацете на највисоки функционери на Социјалдемократскиот сојуз?

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin