Со потписот на носителот на листа во ИЕ2 Виктор Цветковски

Viktor Cvetkovski-23.04.2014ГРОМ ЗАСТАНА ЗАД МЛАДИТЕ

 ГРОМ како единствена опција која се издвојува од другите депресивни и сиви партии , како опција со капацитет да ги надмине постоечките проблеми на политичката сцена во нашата држава цврсто е убедена дека движањата во животот ја прават младите , а повозрасните се тие кој ги корегираат енергичните движења кој секогаш треба да се насочени кон креирање и создавање на нешто позитивно нешто подобро.

Цврсто убедени во тоа врз основа на аргументите кои ни ги даваат нашите младинци кои членуваат во нашата партија и симпатизери ,  денес нашиот генерален секретар и носител на листа за ИЕ 2 Виктор Цветковски во името на Коалицијата ГРОМ ја потпиша Декларацијата за соработка со младите во РМ со која сакаме сериозно да го нагласиме нашето залагање дека во ГРОМ и со ГРОМ секој млад како индивидуа ќе може да добие шанса за свое персонално реализирање и докажување.

ГРОМ е опција која делува за младите и верува во младите.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Share on Google+
Google+
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin