Прва меѓуопштинска средба на Форумите на жени на ГРОМ

Кликни за фотогалерија - Прва меѓуопштинска средба на Форумите на жени на ГРОМЧленките на Форумот на жени на ГРОМ-Карпош беа гостинки на своите пријателки и сопартијки од Форумот на жени на ГРОМ-Ѓорче Петров. Претставничките на понежниот пол од Карпош и од Ѓорче Петров одржаа работна средба која, воедно, беше и прво официјално воспоставување на соработка помеѓу два општински форуми на жени на Граѓанската опција за Македонија.

Свое излагање имаа претседателката на Форумот на жени на Ѓорче Петров, Сузана Митевска-Зафировска, и претседателката на Форумот на жени на Карпош, д-р Добрила Андоновска. Состанокот помина во работна атмосфера, се разменија искуства од досегашната работа, се дискутираше за годишните програми на двата форума, за досегашните активности и за плановите за идната соработка.

На состанокот присуствуваше и претседателот на ОО на ГРОМ – Ѓорче Петров, Зоран Најдановски. Форумот на жени ГРОМ – Карпош во блиска иднина ќе воспостави соработка и со останатите Форуми на жени при ОО на ГРОМ од Скопје и од Македонија.