Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Сузана Димовска, претседателка на ОО на ГРОМ – Свети Николе

Сузана Димовска, претседателка на ОО на ГРОМ – Свети НиколеНАДЕЖ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА НА ДЕЦАТА

„Ја создадовме ГРОМ за да ја вратиме надежта дека нашите деца ќе имаат поубава иднина од нашата“, порача Сузана Димовска, првата претседателка на Општинската организација на ГРОМ – Свети Николе. Неа, вчеравечер, 22 декември, едногласно за своја претседателка ја избраа осумдесетина основачи на партијата од овој град, кои на Основачкото собрание иста таква поддршка им дадоа и на составите на Општинскиот и Надзорниот одбор.

– Свети Николе е дел од Овчеполската Котлина и со тоа земјоделството е клучната стопанска гранка што треба да обезбеди егзистенција за многу семејства. Но, гледаме ли напредок на ова поле? Со години не се прави ништо за осовременување на земјоделската механизација, не се вложува во инфраструктура, не се едуцира кадар што ќе обезбеди напредок на ова поле. Ние повеќе слушаме за тоа што прави Владата отколку за тоа што прават нашите деца. За нив ни требаат перспективи и работа! – порача Димовска во своето обраќање до присутните светиниколци.

За младите и за бесперспективноста во која е западното македонското општество зборуваше и Бојан Велевски, координатор на Форумот на млади на ГРОМ.

– Морам да ви кажам дека дури 60 проценти од претседателите на општинските организации на ГРОМ се луѓе на возраст до 30 години. Тоа е сигнал за нас младите дека тука, во ГРОМ, има место за нашите идеи, дека нашите визии ќе бидат земени предвид, дека ќе бидат сфатени сериозно – рече Велевски.

За земјоделството како важен сегмент од стопанството на Македонија зборуваше и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој истакна дека субвенциите и стимулациите што актуелната власт ги издвојува за земјоделците или не стигнуваат на вистинското место или не се реални зашто за овие седум години видливи промени во земјоделството има само во негативен контекст.

– Како е можно во земјоделството да се вложени 1,2 милијарда евра, а учеството на земјоделството во домашниот бруто-производ да опаѓа? И можно ли е да се развива земјоделство без да се инвестира во мелиоративни системи, инфраструктура, без да се намалат давачките за пестициди, ѓубрива, семенски материјал? – праша Јакимовски.

Претседателот на партијата зборуваше и за други прашања што го засегнуваат македонското општество, а за кои Програмата на ГРОМ нуди свои свежи решенија. Тој го презентираше ставот на партијата во поглед на здравството, социјалната заштита, образованието, спортот, енергетиката…

За крај, Јакимовски им порача на светиниколци дека во Македонија, сепак, е можно да се биде храбар и достоинствен истовремено и дека токму ГРОМ нуди една таква шанса.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin