Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Сојузот на борците од НОВ да се произнесе за тврдењата на премиерот Зоран Заев

Соопштение

Граѓанската Опција за Македонија- ГРОМ е запрепастена од најновите сознанија кои на јавноста и ги соопшти премиерот Зоран Заев дека Скопје ни го ослободиле бугарските војски.

Во оваа конфузија единствен релевантен кој треба да каже дали ова тврдење на премиерот е точно е „Сојузот на борците од НОВ“. Посебно го повикуваме другарот Трајко Стаматовски да се изјасни дали се овие тврдења точни.

Доколку „Сојузот на борците од НОВ“ потврди дека ова е точно, тогаш ќе ги запрашаме зашто не лажеле 75 години, на кое херојство добиваа ордени и одликувања за народни херои, боречки пензии кои им ги исплаќаме до денес, вили на Водно, станови, деца вработени во најдобрите социјалстички компании, надворешна трговија, МВР и дипломатско-конзуларни претставништва.

Го повикуваме „Сојузот на борците од НОВ“ јавно да се обрати и да ни каже кој манипулира Зоран Заев или пак тие ужувајќи ги придобивките цели 75 години од наводната „лажна“ партизанска епопеја.

Граѓанската Опција за Македонија сака да знае дали во ова тектонско поместување на истиријата учествува и „Сојузиот на борците од НОВ“.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin