Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Прес -конференција: ЈАНЕВА Е ООЗТ НА СДСМ

14393413_1283893621629451_156479952_o21.09.2016 година

На барање на новинарите да го коментира интервјуто на Специјалната обвинителка Катица Јанева на МРТВ, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски изјави дека госпоѓата Јанева со своите гафови, веќе прераснува во срам за правната и обвинителската фела во Република Македонија. Со нарачаните прашања кои и ги поставија на интервјуто на МРТВ, коишто се всушност прашања и одговори изготвени од СДСМ како нејзин претпоставен, таа се однесува како ООЗТ на СДСМ.

Инаку, предлог решенијата за подобрување на финансиската состојба во спортот, беше повод членот на Извршниот одбор на Граѓанската опција за Македонија, Стевче Алушевски да одржи конференција за печат. Во својата изјава за медиумите, Алушевски истакна дека по интензивното десетгодишно вложување во спортски објекти и инфраструктура, конечно се вложува и во финансиска поддршка на спортот.

  • Очигледно е дека спортот во Република Македонија е во сериозна криза, бидејќи спонзори речиси да нема, и во овој момент, позитивна вест е што државата прави чекор напред во подобрување на финансиската состојба во оваа сфера. Затоа ГРОМ ги поздравува предлог решенијата за подобрување на финансиката состојба во спортот: издвојувањата на 3 % од добивката од игрите на среќа и даночните ослободувања коишто ќе обезбедат сума од 1,5 милиони евра.Со ова во голема мерка ќе се решат проблемите во финансирањето на спортските федерации, нагласи Алушевски.

Понатаму, Стевче Алушевски истакна дека за да имаме квалитетен спорт, потребни се спортски објекти, силни федерации, обучени тренери и организиран систем на спортување од училиштата, општините, регионите, па системски организирано и на највисоко државно ниво.

  • ГРОМ смета дека овие средства не се доволни за спортистите да имаат квалитетни и оптимални услови за тренинзи и натпревари во земјата и надвор. Затоа, како политичка партија предлагаме: поголеми даночни олеснувања на стопанствениците за да имаат поголем интерес за вложување во спортот; да се утврди процент од буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините, од Градот Скопје и од Јавните претпријатија, средства кои ќе се наменат за поддршка на спортот.

Членот на И.О на ГРОМ Алушевски, исто така наведе дека овие средства треба да се наменат за школување на тренери надвор од Република Македонија, за стипендирање на квалитетни спортисти, за финансирање лига натпреварите, на спортските судии, на делегатите и на службените лица, кои денес се на трошок на самите клубови.

Со вака издвоени средства, изготвена стратегија и направен организациски систем за поддршка на спортот, ГРОМ смета дека Република Македонија во следните пет до шест години, конечно нашата држава ќе даде освојувачи на медали на европски, светски и олимписки натпревари.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin