ПРЕС НА ЉУПЧО ПРЕНЏОВ 18.09.2016, ОРГАНИЗАЦИОНЕН СЕКРЕТАР НА ГРОМ

GROMПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПЕЧАТЕНИТЕ И ЕЛЕКТРОНСКИТЕ МЕДИУМИ

КАКО ШТО САМИ ГЛЕДАТЕ ИЗВЕШТАЈОТ НА ГОСПОЃАТА СПЕЦИЈАЛНА ОБВИНИТЕЛКА СЕ ПРЕТВОРА ВО БЕСТСЕЛЕР И НЕПРЕСУШНА ИНСПИРАЦИЈА.

ПОСЕБНО, СО ОНОЈ ДЕЛ КАДЕ ШТО ТАА, ВЕЌЕ ОТВОРЕНО И ТРАНСПАРЕНТНО ГИ ПОВИКУВА СИТЕ КРИМИНОГЕНИ ИЛИ ПОТЕНЦИЈАЛНО КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ВО ДРЖАВАТА   ДА СОРАБОТУВААТ СО НЕА. ПА ВЕЛИ: „ВО ТЕКОТ НА ИЗВЕШТАЈНИОТ ПЕРИОД ГИ ПОВИКВМЕ СИТЕ СУБЈЕКТИ КОИ ПОСЕДУВААТ НЕЗАКОНСКО ПРИБАВЕНИ АУДИО И ДРУГ ВИД НА РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ ОДРЕДЕНИ ЛИЦА, ИСТИТЕ ДА ГИ ДОСТАВАТ ВО НАЈКРАТОК МОЖЕН РОК ДО СЈО“!

ГОСПОЃО СПЕЦИЈАЛНА:

ОПРЕДЛЕТЕ СЕ НА КОЈА СТРАНА СТЕ: НА ЗАКОНОТ ИЛИ НА КРИМИНАЛОТ.

ЗНАЕТЕ ДОБРО ДЕКА ПОСЕДУВАЊЕ НА  НЕЗАКОНСКО ПРИБАВЕНИ ПРИСЛУШКУВАНИ РАЗГОВОРИ Е КРИВИЧНО ДЕЛО САМО ПО СЕБЕ!

ДАЛИ СТЕ СВЕСНА ДЕКА СО ОВА НЕ САМО ШТО ПОВИКУВАТЕ НА КРИМИНОГЕНА СОРАБОТКА ТУКУ УШТЕ ПОВЕЌЕ, ГО СТИМУЛИРАТЕ „ПРОИЗВОДСТВОТО“ НА ВАКВИ НЕЗАКОНСКО СТЕКНАТИ МАТЕРИЈАЛИ.

ВО ШТО СЕ ПРЕТВОРАТЕ?   ВО ИНКВИЗИЦИЈА ПОВРЗАНА СО ЛУМПЕН ПРОЛЕТЕРИЈАТ?

ПОЧИТУВАНИ,

КОГА НА ОВА ЌЕ СЕ НАДОДАДЕ И БАРАЊЕТО ЗА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА СВЕДОЦИ, ТАА, ВСУШНОСТ, БАРА НАЧИН, ДА МОЖЕ ПОЛЕСНО  ДА ГИ ОЗАКОНИ: ЗАКАНУВАЊЕТО, УЦЕНИТЕ И ПОТПЛАТУВАЊЕТО НА СВЕДОЦИ, ЗАТОА ШТО ОЧИГЛЕДНО, НИШТО КРУПНО И НИШТО СПЕКТАКУЛАРНО НЕ НАЈДЕ КАЈ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАСТА.

ГОСПОЃО СПЕЦИЈАЛНА,

И ВЧЕРА ВЕ ПРАШАВМЕ И ПОВТОРНО ВЕ ПРАШУВАМЕ: КАЖЕТЕ НИ ИМА ЛИ НЕШТО ОД НАВОДНИТЕ 5,5 МИЛИЈАРДИ НЕЗАКОНСКИ ИСПРАНИ И ИЗНЕСЕНИ ЕВРА НАДВОР ОД  РМ. КАЖЕТЕ НИ НЕШТО ЗА 16 МИЛИОНИ „КИНЕСКИТЕ ПАРИ“? ОДГОВОРЕТЕ И НА ЈАВНОСТА ЗА ИЗРАЕЛСКОТО МИТО.

И КОНЕЧНО, ГРАЃАНИТЕ НА РМ  ГИ ИНТЕРЕСИРА КОЈ ПРИСЛУШУВАЛ, КОЈ ГО НАРАЧАЛ ПРИСЛУШУВАЊЕТО И КОЈ  ПЛАТИЛ ЗА ИСТОТО?

И ВО САМИОТ ИЗВЕШТАЈ ВЕЛИТЕ ДЕКА  ВИ СЕ ОБЕСХРАБРУВАЛЕ ОБВИНИТЕЛИТЕ, А ТОА Е ЗАШТО БЕСПОТРЕБНО ТРОШИТЕ 4 МИЛИОНИ ЕВРА, ПА СЕГА СПАС БАРАТЕ ВО НАМЕСТЕНИ СВЕДОЦИ БИДЕЈЌИ ВИ СЕ  УАРНИ КОМОДИТЕТОТ, ПЛАТАТА ОД 3.000 ЕВРА, ПА БАРАТЕ ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА НЕОГРАНИЧЕН РОК ЗА СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin