Прес конференција: СЈО СОРАБОТУВА СО КРИМИНАЛОТ

press118.09.2016 година

Организациониот секретар на Граѓанската опција за Македонија Љупчо Пренџов, денеска во партиското седиште одржа прес конференција, по повод нестручното и тенденциозно работење на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Пренџов напомена дека доказот  за нејзиното такво неработење е токму во делот од нејзиниот извештај, каде што таа отворено и транспарентно соработува со сите криминогени или потенцијално криминални структури во државата и упатува повик до сите субјекти кои поседуваат незаконско прибавени аудио и друг вид на разговори помеѓу одредени лица, истите да ги достават во најкраток можен рок до СЈО.

  • Госпоѓо специјална: определете се на која страна сте: на законот или на криминалот. Знаете добро дека поседување на незаконско прибавени прислушкувани разговори е кривично дело само по себе! Дали сте свесна дека со ова, не само што повикувате на криминогена соработка, туку уште повеќе, го стимулирате „производството“ на вакви незаконско стекнати материјали. Во што се претворате? Во инквизиција поврзана со лумпен пролетеријат, праша организациониот секретар Љупчо Пренџов.

press2

Понатаму, Пренџов додаде дека, на сето ова, кога ќе се додаде и барањето за измена на Законот за заштита на сведоци, со кој всушност се бара озаконување на заканите, уцените и потплатувањето на сведоците,  е доказ дека ништо спектакуларно не пронашла кај власта.

  • Госпоѓо Јанева, и вчера ве прашавме : кажете ни, има ли нешто од наводните и фамозните 5,5 милијарди незаконски испрани и изнесени евра надвор од Република Македонија, кажете за 16 милиони евра „кинески пари“, или пак за т.н „израелско мито“. И најпосле, кажете им на граѓаните кој прислушкувал, кој го нарачал и платил истото прислушкување, заврши со своето обраќање до медиумите организациониот секретар на ГРОМ Љупчо Пренџов.

Одговарајќи на новинарско прашање, Пренџов истакна дека ГРОМ како политичка партија, смета дека и после изборите закажани на 11 декември, политичката криза нема да се реши, туку ќе се продлабочи претворувајќи се од меѓупартиска во меѓуетничка.

Барањето на лидерот на опозицијата Зоран Заев за целосна двојазичност на територијата на државата,  и градоначачникот на Струга Зијадин Села за федерализација на Македонија, е само доказ за намерите на странските заштитници, и  нивните домашни слуги, за ослабнување на македонскиот политички блок, за сметка на албанскиот, и поткопување и рушење на целокупниот македонски политички систем, и неговите институции.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin