Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Реакција на ГРОМ на пресот на Шеќеринска: ШЕЌЕРИНСКА НЕ МОЖЕ СЕБЕ ДА СЕ ВРАБОТИ-НЕ МЛАДИТЕ!

Замислете парадокс: Шеќеринска држи конференција за печат како ќе ги вработувала младите, а таа откако ги загуби станараните од 5.600 евра не може да си најде работа, туку е вработена во нејзината партија и работи за 30.000 денари, за да може да земе плата и да плати прдонеси. Замислете ја сликата кога Шеќеринска излегува од џип, со чанта од „Луј Витон“ и чевли од 500 евра да земе платичка од, за неа скромни, 500 евра, токму колку за козметиката во „добрите времиња“. Поголема иронија не може да биде!

Само тогаш кога можат да „дрпнат“ перјаниците на СДСМ, нешто што не им припаѓа, тогаш тие себе се сметаат за многу способни и многу паметни.

Но, кога треба да излезат на пазарот на трудот, тие се апсолутно неспособни, па ако немаат каде на крај одат во партијата да се вработат од парите и на сметка од членарината на партиските членови. И истата таа ќе им дели совет на младите како таа ќе ги вработела. Веројатно ова е моделот на СДСМ за вработување на младите.

Граѓанска Опција за Македонија

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin