Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

„ХУМАНИТАРЕН ЕСЕНСКИ КРОС“ НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ГРОМ

GROM26.08.2016 година

Форумот на жени на ГРОМ во рамки на своите планирани активности имаше најава за организација на Есенски крос. Поради елементарната непогода и катастрофалната поплава која го погоди главниот град Скопје,  и која однесе десетици животи и остави илјадници граѓани без покрив над главата, Форумот на жени на ГРОМ, по иницијатива и организација на Форумот на жени ГРОМ – Карпош, планираниот крос го преименува во „ХУМАНИТАРЕН ЕСЕНСКИ  КРОС НА ФОРУМОТ НА  ЖЕНИ НА ГРОМ“.

На „ХУМАНИТАРНИОТ ЕСЕНСКИ КРОС“ ќе учествуваат Форумите на жени од скопските Општински Организации на ГРОМ. Се очекува дека интерес за учество на кросот ќе постои и кај Форумите на жени на ГРОМ од останатите Општински Организации. Стручниот дел од овој настан е во организација на Мирјана Ташковска.

Овој настан би се одржал на 1-2 Октомври 2016, место на одржување – Кеј на реката Вардар – амфитеатар, а почетокот на кросот е планиран во 9.30 часот. Натпреварот ќе се одржи во трчање и брзо одење (ќе се трча во една насока). Натпреварот ќе се состои од:

  • Трка до 29 год. на 400 метра
  • Трка од 29 до 45 год. на 300 метра
  • Трка за над 45 год. на 250 метра
  • Натпревар во брзо одење, за жени постари од 50 год., на 250 метра

Ќе бидат доделени медаљи и дипломи.

За време на кросот ќе биде поставена кутија за донации (брендирана со логото на ГРОМ). Собраните сретства ќе бидат донирани  на  настраданите  граѓани  од  поплавените  населени  места.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin