Хуманитарна акција на Форумoт на жени ГРОМ-Карпош

Кликни за фотогалеријаПОДАДЕТЕ РАКА НА ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД СРБИЈА И БИХ

Хуманите жени од ГРОМ-Карпош, сочувствувајќи со своите пријатели од настраданите краеви на Србија и Босна и Херцеговина, организираа хуманитарна акција и само за седум дена успешно ја реализираа идејата која се роди веднаш по настанувањето на хуманитарната катастрофа која унесреќи бројни семејства од нашето соседство.

Форумот на жени на ГРОМ-Карпош оваа акција ја реализираше под мотото  “Подадете рака на вашите пријатели од Србија и Босна и Херцеговина”.

Жените од ГРОМ-Карпош во хуманитарната акција, од сесрце го донираа сето она што им е најнеопходно на настраданите во водената стихија, поаѓајќи првенствено од насокоте дадени од Црвениот крст на Македонија, кој најверојодостојно ги пренесува информациите за најнеопходните видови на донации.

Донацијата се состои од: седум тона природна минерална вода и други пијалоци, храна за бебиња и мали деца, стотици килограми тестенини и конзервирана храна, стотици пелени за деца, пелени за возрасни, средства за интимна нега на жени, козметски средства за нега и оддржување на хигиена на бебиња и мали деца ( детски купки, шампони, сапуни, креми, влажни марамици), средства за лична хигена за возрасни, детергенти и други средства за перење, средства за оддржување на хигиена во домовите и дезинфициони средства.

Поѓајќи од хумани побуди, Форумот на жени на ГРОМ-Карпош донираше и: постелнини, перници, ќебиња и јоргани. Донирани беа и нова облека, како и веќе користена облека и обувки, кои беа грижливо селектирани и спакувани.

Кон завршната акција, со своја донација, се приклучи и Форумот на жени на ГРОМ-Ѓорче Петров, во духот на хуманоста и одличната соработка на Форумот на жени ГРОМ-Карпош и Форумот на жени ГРОМ-Ѓорче Петров.

Со својата донација, Форумот на жени на ГРОМ-Карпош ќе се приклучи кон хуманитарната акција која се реализира под покровителство на Градоначалникот на Општина Карпош, г-дин. Стевчо Јакимовски. Дел од донацијата (постелнини, облека и обувки) ќе биде донирана на Црвениот крст на Македонија.

Форумот на жени на ГРОМ-Карпош, од сесрце посакува донациите што поскоро да стасаат до сите граѓани од настраданите краеви, а уште повеќе сака да ја пренесе својата љубов кон нашите пријатели од Србија и Босна и Херцеговина.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin