Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Одржана четвртата седница на Централниот одбор на ГРОМ

Стевчо ЈакимовскиГРОМ Е ПАРТИЈА КОЈА ОБЕДИНУВА

Граѓанската опција за Македонија е првата партија која ја достави кандидатурата за претседателски мандат на Зоран Поповски до Државната изборна комисија, откако претходно, за ден и половина успеа да собере повеќе од 10 илјади потписи од граѓаните на Република Македонија за поддршка на својот кандидат. Со оваа информација, претседавачот на ЦО на ГРОМ, Владо Поповски во присуство на  113 членови на Централниот, Извршниот одбор и претседателството на ГРОМ ја отвори денешната четврта седница на ЦО на ГРОМ.

ЦО на ГРОМ

Според усвоениот дневен ред,  највисокиот орган на ГРОМ разговаше за витални теми кои се однесуваат на претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори. Најпрво, генералниот секретар на ГРОМ Виктор Цветковски, го образложи предлог – правилникот за спроведување на постапка за предлагање и евидентирање на можни кандидати за пратеници на предвремените парламентарни избори. По дебатата која се разви во врска со оваа точка, членовите предложија три конструктивни предлози со кои се надополни овој правилник. Во таа насока, кандидатите за пратеници ќе бидат предлагани во однос на родовата застапеност, ќе можат да се самокандидираат и Централниот и Извршниот одбор на ГРОМ ќе има можност да предлага кандидати за пратеници.

Во рамките на оваа седница говореше и првиот човек на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, а ЦО на ГРОМ му препорача на Извршниот одбор на партијата да почне преговори за можно коалицирање со помалите политички партии. Според него, ГРОМ би ја предводел можната коалиција со помалите политички субјекти, вклучувајќи ги во своите предизборни активности.

Лидерот на ГРОМ, со своја анализа особено се осврна кон досегашните активности на младите членови на партијата од центарот, со препорака за нивен поажурен пристап.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin