Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Росоман – преполно со членови на ГРОМ

ГРОМ РосоманВо преполната сала во ново училиште, вечерва (16.11.2013)  се одржа Основачкото собрание на  општинската организација на ГРОМ-Росоман. На него беа утврдени составите на работните тела на Собранието, и тоа работното претседателство во состав: Небојша Маринковиќ, Спасе Ристевски и Славица Трипуновска. На Основачкото собрание беа изгласани и составите на органите на Општинската организација како и  членови на Надзорниот одбор. Присутните  членови на четиринаесеттото по ред основачко собрание, со задоволни лица го пречекаа Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Едногласно, со громогласен аплауз, Жарко Марковски, вечерва, беше избран за претседател на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија во Општина Росоман.

Во своето обраќање до присутните членови и симпатизери, новоизбраниот претседател на Општинската организација на ГРОМ – Росоман, Жарко Марковски вети дека дадената поддршка ќе ја оправда со својата работа за поубава и поросперитетна Општина Росоман.

-Општина Росоман брои 150 членови, тоа е бројка која се зголемува секојдневно, и јас сум навистина премногу задоволен од овој факт, бидејќи оваа политичка опција е вистинската понуда за секој граѓанин и воопшто за доброто на Македонија. Граѓаните се јадрото на Македонија. Без одговорност нема напредок изјави Марковски и ги повика другите граѓани да пристапат кон ГРОМ.

Во петминутен аплауз кон крајот на Основачкото собрание беше поздравен лидерот на партијата, Стевчо Јакимовски, кој во својот свечен говор на членови од Росоман на Граѓанската опција за Македонија им ги образложи целите на партијата, но и ставовите што ја прават ГРОМ поинаква од биполарната политичка сцена во Македонија, од која ГРОМ отскокнува уште од самото формирање.

-Честопати порано велев: Стопаснтвото е на прво место, економијата мора да биде на прво место. Но сум грешел. Демократијата е на прво место, слободата на луѓето е пред се, изјави Јакимовски. ГРОМ е прва партија во Македонина која е мултиетничка партија. Тоа што имаме мултикултура треба да ни отвора перспектива во соседните земји. Нашите сограѓани, Срби, Турци, Босанци, Словенци, Хрвати, јазикот кој го говорат треба да биде една од вратите за отворање на екононските перпективи во нашата држава. Ние сме тие кои сме одговорни за етичките вредности. Ако немаме политичка стабилност немаме ни правна ни безбедносна стабилност– истакна Јакимовски.

На крајот од своето обраќање, Јакимовски им честита на Росоманци за изборот на раководството и им порача понатаму да работат  со заеднички сили зашто токму таквиот однос кон партиските цели и кон работата ќе донесе резултати и ќе ја направи ГРОМ парламентарна партија и учесник во власта.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin