Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Свечено отворена канцеларијата на ГРОМ во Струмица

Свечено отворање на канцеларијата на ГРОМ во СтрумицаСо најава за Основачкото собрание на Општинската организација на ГРОМ – Струмица, кое ќе се одржи на 11 овој месец,  вчеравечер, 7 ноември, со пригодна свеченост, беше отворена уште една канцеларија на Граѓанската опција за Македонија, овојпат во Струмица.

На свечениот чин присуствуваа околу 50 членови и симпатизери на ГРОМ од овој град, како и претставници на Централниот одбор на партијата. Пригодно обраќање имаше лидерот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, кој изрази задоволство што тимот од овој град го чинат млади квалитетни кадри, кои со многу ентузијазам му приоѓаат на ширењето на идеите на ГРОМ меѓу луѓето.

–          Благодарение на ентузијазмот со кој работиме сите ние, поддршката за нашата партија е навистина на високо ниво, зашто, како што деновиве се потврди, ние имаме навистина висок рејтинг за една политичка партија која постои само еден месец. Понатаму ни останува да работиме напорно зашто до избори ни преостануваат околу пет месеци, а ако организациски сме подготвени, ако сме постојано меѓу луѓето, јас ви гарантирам дека успехот нема да изостане. Ние не алудираме кон тоа да бидеме први, но мислам дека можеме да бидеме одлична трета опција за граѓаните на Република Македонија – децидно подвлече Јакимовски.

Тој им порача на членовите на ГРОМ од Струмица дека новотворената канцеларија треба да биде место на слога, на топлина, на дружба, за луѓето кога ќе излезат оттаму да знаат дека меѓу членовите на Граѓанската опција за Македонија имаат свои пријатели.

Споделете го линкот на социјалните мрежи
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
Linkedin