Граѓанска Опција за Македонија

Граѓанска Опција за Македонија

Претседател

Стевчо Јакимовски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Стевчо Јакимовски е роден на 27.8.1960 година.

  •   Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, 1987 година.
  •   Бил волонтер, новинар во спортската редакција на Радио Скопје, јануари-јуни 1988 година, потоа во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје, јуни-октомври 1988 година.
  •   Бил стручно-политички работник во претседателството на Младина на Југославија, октомври 1988 година – мај 1990 година.
  •   Работи како приватен стопанственик, а од јануари 1992 година станал директор на „Катланово-турс“.
  •   Во септември 2000 година бил избран за градоначалник на општина Карпош, а во ноември 2003 година за министер за економија во Владата на  Република Македонија.
  •   Министер за труд и социјална политика бил од декември 2004 година.
  •   По завршувањето на мандатот е вработен во своја приватна фирма.
  •   Активно користи англиски јазик.
  •   Поседува одлични ораторски и аналитички способности, комуникативност и умешност за пишување.
  •   Одлични организаторски способности, лидерство и тимска работа.
  • Еден е од најпознатите македонски колумнисти.
  • Поранешен репрезентативец на Македонија во карате и петкратен републички првак.
  • На 5 јули 2012 година, во Сараево, од страна на дирекцијата на Агенцијата за избор на најменаџери од Босна и Херцеговина, за Југоисточна и Средна Европа е избран за „Најградоначалник за Југоисточна и Средна Европа –2012“ за креирање на амбиент за инвестиции и бизнис.

Наградата „Најменаџер на годината“ се вбројува меѓу седумте најреспектабилни награди во светот (по Њујорк, Париз, Лондон, Рим, Цирих, Мадрид и Брисел).

Јакимовски е прв македонски градоначалник кој го добива ова високо признание, а од регионот него го добиле градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, на Загреб – Милан Бандиќ, Алија Бехмен од Сараево и Миодраг Мугоша од Подгорица.

  • На 18 декември 2012 година градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски добива уште едно меѓународно признание „Златна плакета за поддршка на претприемништвото“ во регионални рамки. Високото признание во Стопанската комора на Ниш му ја додели Унијата на претприемачи и занаетчии од Регионот на Јужна Србија, кои ги врачуваа годишните награди за најистакнатите поединци и институции кои придонесле за унапредување на претприемништвото, продуктивноста, иновациите и едукацијата во поширокиот регион.
  • Во изминатите четири години од мандатот април 2009 – април 2013 под водство на Јакимовски во општината се изградени 60 километри нови улици, над 40 километри тротоари, 26 километри нови пешачки патеки, околу 18 километри атмосферска, фекална канализација и нова водоводна мрежа. Изградени се над 2.000 нови паркиралишта. Општина Карпош е единствената општина каде што паркирањето не се наплаќа. Почната, завршена и во тек е реконструкцијата на старите нови фасади на најстарите станбени згради.
  • Во делот на социјалната грижа се отворени нови пензионерски клубови за секојдневно дружење каде што повозрасните поминуваат дел од своето слободно време и го збогатуваат социјалниот живот.
  • Реконструирани се две градинки.
  • Од темел се реконструирани девет општински основни училишта.
  • Отворени се четири нови школи за актерска игра, за фолклор, за цртан и анимиран филм и за шах, надвор од редовниот наставен процес. Тие се финансирани од општинскиот буџет.
  • Целосно се обновени и изградени три плоштади – кај Млечен ресторан, во Карпош 3, кај Педагошка академија, а во тек на изградба е и целосно новиот плоштад во Влае.
  • Воспоставен е бренд во сферата на културата „Карпошовото културно лето“, но традиционално се одржуваат и бројни други културни манифестации, ликовни настани, драмски претстави, концерти.
  • Карпош како најспортска општина ги востанови училишните спортски игри, и меѓу петте најреномирани во Европа во текот на минатите три години се издигна и востановениот шаховски турнир „Опен Карпош“.
  • Во 2010 година од страна на Форум Аналитика општината Карпош е прогласена за општина со највисока транспарентост.
  •  Карпош е прогласена за општина со најголема социјална инклузија од страна на Институтот „Евро Балкан“ во 2010 година, поради социјалните програми и материјалната и секаков вид поддршка на граѓаните кои се во тешка материјална положба, болни или немоќни.
  • На 23 март 2011 година Општина Карпош добива сертификат – Карпош е избрана за најпосакувана дестинација за живеење, според анкетата на ЦИА спроведена во декември 2011.
  • За ИСО 9001:2008 стандард за квалитет Општина Карпош се стекна со меѓународниот сертификат за имплементација на системот за управување со квалитет во делот на развој и давање на услуги во надлежност на локалната самоуправа ИСО 9001:2008.
  • Во 2012 година Карпош е прогласена за енергетски најефикасна единствена општина во Македонија која во свои рамки располага со Сектор за заштита на животната средина и енергетска ефикасност.
  • Карпош во мандатот на Јакимовски стана единствена општина-членка на EHEDG (Европското тело за хигиенски инженеринг и дизајн) кое се грижи за контролата и безбедноста на храната во градинките на територијата на целата локална самоуправа.
  • Карпош со 16% има најмала стапка на невработеност во државата.
  • Од фондацијата ФИООМ и ЦРЛД за периодот 2011-2012 Карпош добива признание за најтранспарентна општина меѓу 12 општини во државата.
  • На последните локални избори март-април 2013 година Стевчо Јакимовски го доби со 19.764 освоени гласови или според официјалните резултати на ДИК (Државната изборна комисија) е избран за градоначалник на општина Карпош за периодот 2013-2017 година.

Е-маил адреса: stevco.jakimovski@grom.mk

Facebook профил: Стевчо Јакимовски

Twitter профил: Стевчо Јакимовски