Изгласани раководните органи на ОО од Чучер-Сандево

Изгласани раководните органи на ОО од Чучер-СандевоГРОМ-ИДЕЈАТА ПРЕРАСНА ВО 18-ИЛЈАДНА ВОЈСКА

Вчеравечер, 22 декември, со одржувањето на Основачкото собрание, Општинската организација на ГРОМ од Чучер-Сандево за претседател го избра Аце Црничиќ. повеќе

Избрано раководството на ОО на ГРОМ – Чашка

Избрано раководството на ОО на ГРОМ – ЧашкаНАДЕЖ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА

„Вам ви благодарам на многубројноста и на поддршката, а на претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, му благодарам што ја прифати идејата на Иницијативниот одбор да биде лидер на Граѓанската опција за Македонија, зашто на нашата земја навистина ѝ беше потребна нова, свежа визија, нова надеж за подобра иднина“. повеќе

Прес-конференција: Владата предлага – изборен буџет

Прес-конференција: Владата предлага - изборен буџетПредлог-буџетот за 2014 година навидум е развоен, но реално е изборен, а тоа се гледа преку зголемувањето на неговата приходна и расходна страна. Ова го изјави денеска претседателот на Граѓанска опција на Македонија, Стевчо Јакимовски, на конференцијата за печат, изнесувајќи ги ставовите на ГРОМ по вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата. повеќе

Основачко собрание на ОО Гром-Битола

ГРОМ ВЕТУВА И ВЕРУВА

Основачко собрание на ОО Гром-БитолаМладиот магистрант по општ менаџмент Александра Стојановска е новиот прв човек на ГРОМ-Битола.За неа гласаа 106 членови на Општинската организација на ГРОМ-Битола на вчерашното Основачко собрание. повеќе

Основачко собрание на ОО Гром-Прилеп

Основачко собрание на ОО Гром-ПрилепНИ ТРЕБА ВЛАДА ЗА ПОЧИТ, А НЕ ЗА СТРАВ

Приватниот претприемач Златко Пирганоски е првиот претседател на Општинската организација на ГРОМ од Прилеп.Ова, вчеравечер (11 декември 2013), едногласно го изгласаа членовите на ОО ГРОМ-Прилеп на Основачкото собрание на кое учествуваа повеќе од 100-тина делегати од градот под Маркови Кули. повеќе

Претседателот на ОО на ГРОМ – Охрид, домаќин на градоначалникот на Винковци

Претседателот на Општинската организација на ГРОМ од Охрид, Љупчо Настоски, беше домаќин на градоначалникот на хрватската општина Винковци, Младен Карлиќ, и на неговиот заменик, Томислав Шариќ. Високите гости, градоначалникот и заменик-градоначалникот на Општина Винковци, на 7 и 8 декември, престојуваа во Охрид, по повод празникот Св. Климент Охридски, денот на патронот на овој град. Во рамките на нивниот престој, тие остварија средба со членот на Советот на Општина Охрид, Љупчо Настоски. Карлиќ и Шариќ беа на гости во Регионалната канцеларија на Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ – Охрид и на средбата со  претседателот на Општинската организација на ГРОМ-Охрид, Љупчо Настоски, разговараа за продлабочување на меѓусебната соработка.Претседателот на Општинската организација на ГРОМ од Охрид, Љупчо Настоски, беше домаќин на градоначалникот на хрватската општина Винковци, Младен Карлиќ, и на неговиот заменик, Томислав Шариќ. повеќе

Интервју Виктор Цветковски, ГРОМ: На Македонија и треба нова политичка понуда

Viktor-CvetkovskiЦелта која си ја поставивме пред нас како нова партија, е да им понудиме на граѓаните повеќе избор на политичката сцена, конкуретност на идеи и проекти, позитивни настапи на нови и енергични лица, на луѓе кои се борат за Македонија, овде и сега, вели во интервју Виктор Цветковски, генерален секретар на ГРОМ. повеќе

Основање на Општинска организација на ГРОМ – Сарај

Основање на Општинска организација на ГРОМ - СарајМУЛТИЕТНИЧНОСТА Е СИЛАТА НА ГРОМ

Со едногласна одлука, вечерва, во просториите на административната сала на општина Сарај сите делегати на Граѓанската опција за Македонија од оваа општина, се изјаснија дека дипломираниот педагог Снежана Јовкоска ја заслужува нивната целосна доверба, со што и дадоа мандат на претседател на Општинската организација на ГРОМ – Сарај. повеќе

Мартин Колевски, прв претседател на ОО на ГРОМ – Гази Баба

ГРОМ - Гази БабаГРОМ ЌЕ УРИВА СТЕРЕОТИПИ

Дипломираниот економист Мартин Колевски е претседател на Општинската организација на ГРОМ од Гази Баба. Нему поддршка му дадоа сите 98 присутни делегати-основачи на ГРОМ од оваа скопска општина, кои на Основачкото собрание, исто така едногласно, ги изгласаа и Општинскиот и Надзорниот одбор. повеќе

Во градот под Исарот формирана 25. Општинска организација на ГРОМ

Во градот под Исарот формирана 25. Општинска организација на ГРОМГРАЃАНСКАТА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА, ЧЕКОР ПРЕД ВРЕМЕТО

 Вечерва се одржа Основачкото собрание на Општинската организација на ГРОМ од Штип, на кое покрај Општинскиот и Надзорниот одбор, 90 присутни делегати за прв претседател едногласно ја избраа Драгана Ѓорѓиева. повеќе

Страница 47 од 54« Прва...102030...4546474849...Последна »