ЗА ДЕНОТ НА ШЕГАТА, ВО ДОМОТ НА ЧЕТИРИ БРАТЧИЊА ОД ЗЛОКУЌАНИ

Кликни за фотогалеријаВо пресрет на денот на шегата, 1 Април, кога смеата и среќата влегуваат во секој дом, кога сите деца возбудено итаат кон градинките и училиштата за да ги покажат своите нови маски, некои дечиња немаат можност да ги облечат тие толку посакувани шарени костими, кои за миг ќе ги пренесат во земјата на смеата. Форумот на жени ГРОМ – Карпош, во соработка со Месниот форум на жени на Злокуќани, го посети домот на семејството Симјановски од Злокуќани и се дружеше со прекрасните момчиња: четиринаесетгодишниот Зоран, единаесетгодишниот Стефан, шестгодишниот Андреј и прекрасниот Дарјан кој го славеше и својот четврти роденден. повеќе

ГРОМ – ВО ФУНКЦИЈА НА ГРАЃАНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

Кликни за фотогалерија„Ние нема да се препуштиме на судбината, туку ќе се бориме за својата иднина“! Со овие зборови претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ Стевчо Јакимовски се обрати пред илјадната публика во преполната сала на Домот на културата во Битола каде во прекрасна и френетична атмосфера се одржа седмиот по ред митинг на ГРОМ во претседателската кампања на својот кандидат за претседател на државата проф. д-р Зоран Поповски. повеќе

Поповски на средба со граѓани во Крушево

Поповски на средби во КрушевоДенеска, Зоран Поповски оствари кафе-средба со Крушевчани, посети неколку семејства во село Беровци кои се занимаваат со земјоделство, го посети битолскиот пазар и ги посети жителите на селата Трново, Дихово и Цапари, каде со локалното население го посети споменикот на паднатите борци во Илинденското востание и Народно-ослободителната војна.

Зоран Поповски на средба со граѓаните на Центар

Кликни за фотогалерија„Јас и моите пријатели вообичаено пловиме по Вардар, но еве гледате овие „Титаници“ што ги поставија во коритото во Центарот на Скопје ќе ни го попречуваат уживањето, не само нам, туку на сите оние кои сакаат да пловат по Вардар. Се надевам, почитувани сограѓани дека со резултатот од овие избори ќе го спречиме натамошното лудо трошење на Вашите, повеќе

ГРОМ СЕ ЗАЛАГА ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ДЕМОКРАТИЈА

кликни за фотогалерија - ГРОМ го одржа својот политички митинг во центарот на ПрилепНова надеж за подобар живот се роди вечерва кај граѓаните кои живеат под Марковите кули, откако коалицијата ГРОМ го одржа својот политички митинг во центарот на Прилеп. Пред граѓаните кои се одлучија да настапат храбро и да и да бидат дел од новата визија во Македонија, се обрати претседателскиот кандидат на коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски.

повеќе

ГРОМ ГИ ПОДНЕСЕ КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ ДО ДИК

ГРОМВо законски утврдениот термин, вечерва, сабота 29.март, Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ ги поднесе до Државната изборна комисија листите со кандидати за пратеници во Парламентарниот дом за сите шест изборни единици, или вкупно 120 кандидати за пратеници. повеќе

Зоран Поповски во посета на Кривогаштани, Боратово и Песталево

Кликни за фотогалерија - Зоран Поповски во посета на Кривогаштани, Боратово и ПесталевоПретседателскиот кандидат на коалицијата ГРОМ Зоран Поповски, денеска го посети прилепското село Кривогаштани каде со членовите на ОО ГРОМ – Кривогаштани, на кафе-средба разговараа за тековните активности на оваа општинка организација во врска со претстојните претседателски избори. Веднаш потоа, Поповски го посети семејството Брсакоски од село Боротино, каде во домашна атмосфера разговараше со членовите на ова семејство за секојдневните проблеми со кои се среќаваат жителите на ова прилепско село. повеќе

ЗА ПОМАЛКУ АБОРТУСИ ПОГОЛЕМА ПРЕВЕНЦИЈА-НЕ ЗАКОН

ЗА ПОМАЛКУ АБОРТУСИ ПОГОЛЕМА ПРЕВЕНЦИЈА-НЕ ЗАКОНКандидатот за претседател на Република Македонија од Коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски денес оствари полчасовна средба со првите луѓе од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА.

Повод за средбата, која дојде на иницијатива на оваа невладина организација, беше размената на ставови и мислења со претседателскиот кандидат  за  заложбата на ХЕРА од сите претседателски кандидати да добие поддршка во настојувањето за легално право на абортус кај жената. повеќе

ЗОРАН ПОПОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ПРОБИШТИП

Кликни за фотогалеријаВчера, претседателскиот кандидат од коалицијата ГРОМ, Зоран Поповски, ги посети пензионерите од Пробиштип, во просториите на Здружението на пензионери. повеќе

СИЛАТА НА ГРОМ ДОАЃА ОД ГРАЃАНИТЕ

Кликни за фотогалерија - Силата на ГРОМ доаѓа од граѓаните„Дали во Македонија има демократија, слободни медиуми, дали стандардот е на задоволително ниво? Дали Македонија е дел од НАТО? Има ли политичка сила која може да ги корегира овие општествени аномалии’’ – низ реторичка форма говореше претседателскиот кандидат Зоран Поповски на вечерашниот митинг кој го одржа коалицијата ГРОМ во центарот на Пробиштип. повеќе

Страница 30 од 49« Прва...1020...2829303132...40...Последна »