Прес -конференција: ГРОМ го осудува вандализмот на СДСМ

9b2560ff-7166-41a0-b5c1-866e174e8e1c22.06.2016 година

Граѓанската опција за Македонија најостро го осудува вандалското однесување на т.н ,, шарени револуционери’’ во кое главна улога ја играат раководството и симпатизерите на Социјалдемократскиот сојуз- ова денеска го изјави претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во својата изјава за медиумите, од централното партиско седиште. повеќе

Прес -конференција: СЈО дели селективна правда

za-veb10.06.2016 година

„ГРОМ како политичка партија веќе предупреди на двојство и негативните ефекти од постоењето на паралелни институции во правниот поредок на Република Македонија. Оттука ГРОМ прашува: како тоа се бара притвор за градоначалникот на Битола Владимир Талевски, а не се бара притвор за градоначалникот на Струмица Зоран Заев?“ повеќе

Реакција на ГРОМ на изјавата на Заев: ЗАЕВ И ОСОМНИЧЕН-ДЕЛИ ПРАВДИНИ!

GROM07.06.2016 година

ГРОМ, а  и севкупната македонска јавност е шокирана. Обвинетиот Зоран Заев, и тоа во три случаи: Чауш,„Поткуп“ и ПУЧ, со докази обезбедени со ПИМ мерки, се дрзнува јавно да дели правди и правдини, при што македонското судство, во најмала рака го третира како сокак од Муртино.Час оди по закон, час скршнува лево или десно од него. Ама секогаш е подготвен да му „чита лекции“ на Судот. повеќе

Прес -конференција: МАКЕДОНИЈА ЗАЛОЖНИК НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

za-veb30.05.2016 година

Денеска, во централното партиско седиште претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски одржа прес конференција по повод актуелните политички случувања на македонската политичка сцена . повеќе

Интервју на Претсаедатело на ГРОМ Стевчо Јакимовски за К3 телевизија

повеќе

„ЕПОПЕЈА ЗА БОЛКАТА“ ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

DSC_902620.05.2016 година

Форумот на жени ГРОМ – Карпош со поетска вечер го одбележа 24. Мај, Денот на сесловенските просветители и учители Св. Кирил и Методиј. Поетското читање насловено како  „Епопеја за болката“ од поетесата Лидија Лучко Јеремиќ, беше уникатно доживување исполнето со извонредната и бескрајно емотивна поетска реч. Ракатките стихови со сета убавината на изразот,  се испреплетоа со значењето на историско – културолошко и просветителско значење за светот со кое го заветија нашите просветители. Поетската вечер претставуваше уметнички осврт на идејата на словенската цивилизациска свест, токму од нејзината колевка – Македонија. повеќе

СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛЕН ОДБОР: Предизборна коалиција и учество на изборите

GROM11.05.2016 година

Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија акламативно го  одобри и го  поддржа предлогот на Извршниот одбор и на лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски ГРОМ да настапи на претстојните парламентарни избори на 5 јуни со предизборна коалиција со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. повеќе

ФОМ ГРОМ ги посети старите лица во „Елисавета’’

ELISAVETA 411.05.2016 година

Денеска, Форумот на млади на Граѓанската опција за Македонија беше во посета на Домот за стари лица „Елисавета’’ . Еден час,  младите громовци се дружеа со овие граѓани кои се во третата доба од  својот живот, и низ разговор се стекнаа со совети од искусните и најмудрите. повеќе

Голема Велигденска хуманитарна акција на ОО ГРОМ –Карпош: „ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ЗА ЉУБОВ КОН РАНЛИВИТЕ“

1366702532_01228.04.2016 година

Православните христијани, овие денови, интензивно се подготвуваат за прославување на најрадосниот христијански празник – Велигден, празникот на Христовото Воскресение.

По тој повод, денеска, четврток, 28.04.2016 година, во 18 часот,  Општинската Организација – ГРОМ Карпош, ќе посети голем број на семејства кои се од ранлива категорија, делејќи им јајца како знак на внимание и хуманост. повеќе

Прес-конференција: Увезена, наместо „шарена револуција“

DSC_549225.04.2016 година

Неодамнешните превирања на општествено-политичката сцена во Македонија, беа повод, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска во партиското седиште да одржи прес конференција. повеќе

Страница 9 од 47« Прва...7891011...203040...Последна »