Жените од ГРОМ-Карпош со љубов за своите посиромашни сограѓани

Хуманитарна жениФорумот на жени при Општинската организација на ГРОМ од Карпош, денеска, 30 декември, во пресрет на Нова година, организираше хумана акција со која беа опфатени 36 социјално-загрозени семејства од оваа скопска општина. Дамите од Општинската организација на Граѓанска опција за Македонија подготвија комплетен оброк за вкупно 127 свои сограѓани, вклучувајќи и сладок десерт, торта или ситни колачи, како и пакетчиња за децата од овие семејства што се на социјалните маргини. повеќе

Втора седница на ЦО на ГРОМ

ГРОМГРОМ РАПИДНО СЕ ШИРИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

За само три месеци од своето официјализирање, Граѓанската опција на Македонија-ГРОМ успеа да формира 35 општински организациии ширум Републиката и да привлече над 18.500 членови, што говори за активно ширење на мрежата на оваа нова политичка партија на македонскиот центар. Тоа практично значи дека од ден на ден, се повеќе жители во Република Македонија ја препознаваат визијата и идејата на ГРОМ, како партија најблиска до граѓаните. Ова беше констатирано на Втората седница на Централниот одбор на ГРОМ, со која претседаваше Владо Поповски. повеќе

Основачко собрание на Општинската организација на ГРОМ во Старо Нагоричане

ГРОМГРОМ ИМА ИДЕЈА

-Ваква политичка опција, каква што е Граѓанската опција за Македонија, одамна и требаше на нашата земја. Посебно што во изминатите дваесеттина години имавме шанса да ги видиме сите негативности на двете најголеми политички партии. Затоа ние како ГРОМ сме перспективата на Република Македонија, а општинската организација од Старо Нагоричане, ќе го следи тој пат. повеќе

ГРОМ – Охрид им подари насмевка на хендикепираните и на постарите

ГРОМ – Охрид им подари насмевка на хендикепираните и на постаритеВо рамките на претпразничните активности, на 27 декември, претставнички од Форумот на жени и на Младинскиот форум на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија од Охрид, беа во посета на Одделението за геријатрија и во црквата „Св.Ѓорѓија“ каде што имаат дневен престој лицата со посебни потреби. повеќе

Оформена Општинската организација на ГРОМ – Демир Капија

Оформена Општинската организација на ГРОМ – Демир Капија ДОВЕРБАTA ЌЕ ЈА ПРЕТОЧИМЕ ВО РАБОТА 

„Благодарноста за дадената довeрба ќе ја преточиме во работа“, рече тукушто избраниот претседател на Општинската организација на ГРОМ од Демир Капија, Живко Костадинов, за кој едногласна поддршка дадоа 56 присутни основачи-делегати на партијата на вечерашното Основачко собрание во овој град. повеќе

Известување

ГРОМИзвршниот одбор на Граѓанска опција за Македонија ги известува своите членови од Неготино дека Основачкото собрание на оваа Општинска организација на ГРОМ, поради лошите временски услови, се одложува.

Истото ќе се одржи по новогодишните празници, а за деталите во врска со времето и местото на одржување, членовите на ГРОМ од Неготино ќе бидат благовремено известени.

 

ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

ГРОМВо недела, 29.12.2013 год. во 12 часот, во Бизнис салата на Скопски саем, ќе се одржи Втората седница на Централниот одбор на Граѓанската опција на Македонија-ГРОМ. На дневен ред се неколку суштински точки за функционирање на партијата, и тоа формирање на градската организација на ГРОМ, формирање на форумот на жени и форум на младите.

По тој повод, во 13.15 часот претседателот на Граѓанската опција на Македонија Стевчо Јакимовски ќе одржи конференција за печат за присутните медиуми.

Членовите на ГРОМ од Велес, хумани во пресрет на празниците

ГРОМФо­ру­мот на же­ни, во со­ра­бо­тка со Фо­ру­мот на мла­ди, при Оп­штин­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја на ГРОМ од Ве­лес, во пре­срет на но­во­го­диш­ни­те и бо­жиќ­ни­те праз­ни­ци ор­га­ни­зи­ра две ху­ма­ни­тар­ни ак­ции.

На пр­ва­та, што ќе се одр­жи утре, 27 де­кем­ври, во 12 ча­сот, во На­род­на­та куј­на во Дво­ро­ви, чле­но­ви на ГРОМ – Ве­лес ќе до­ни­ра­ат ру­чек за со­ци­јал­но за­гро­зе­ни гра­ѓа­ни и под мо­то­то „Да ру­ча­ме за­ед­но“, ќе по­ми­нат при­јат­ни ми­го­ви во нив­но друш­тво. повеќе

Основање на Општинска организација на ГРОМ – Василево

Основање на Општинска организација на ГРОМ - ВасилевоВО МЛАДИНАТА Е ИДНИНАТА

На 33-то основачко собрание, кое вчеравечер се одржа во село Владевци, дипломираниот криминалист Марјан Митев беше избран за претседател на општинската организација на ГРОМ за Василево. Во оваа прилика тој им се заблагодари на присутните делегати за искажаната доверба и вети дека сериозно ќе пристапи кон предизвикот кој го носи оваа функција. повеќе

Сузана Димовска, претседателка на ОО на ГРОМ – Свети Николе

Сузана Димовска, претседателка на ОО на ГРОМ – Свети НиколеНАДЕЖ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА НА ДЕЦАТА

„Ја создадовме ГРОМ за да ја вратиме надежта дека нашите деца ќе имаат поубава иднина од нашата“, порача Сузана Димовска, првата претседателка на Општинската организација на ГРОМ – Свети Николе. Неа, вчеравечер, 22 декември, едногласно за своја претседателка ја избраа осумдесетина основачи на партијата од овој град, кои на Основачкото собрание иста таква поддршка им дадоа и на составите на Општинскиот и Надзорниот одбор. повеќе

Страница 46 од 54« Прва...102030...4445464748...Последна »