Основачко собрание на ФОМ – говор на претседателот на Граѓанската опција на Македонија, Стевчо Јакимовски

Говор на претседателот на Граѓанската опција на Македонија, Стевчо ЈакимовскиПочитувани млади, почитувани членови на извршниот одбор на ГРОМ, почитувани членови на ЦО на ГРОМ, почитувани присутни и гости.

Вечерва сум горд. Искрено сум возбуден зашто пред мене ја гледам иднината на Граѓанската опција за Македонија. Таа е убава, моќна, енергична и, пред сè, храбра. Таа е ГРОМ!!! повеќе

Младите на ГРОМ зачекорија во иднината

Младите на ГРОМ - „Марш на храброста“ 26.01.2014 година

Младите на ГРОМ – „Марш на храброста“ 26.01.2014 година

Со енергија на ГРОМ, ентузијазам и визија, околу 2.000 младинци на најмладата политичка партија на македонското политичко небо, вечерва ја исполни скопска „Универзална сала“. Таа беше претесна  да ја собере двеилјадната младината на Граѓанска опција за Македонија од 36 општини, која таму го одржа Основачкото собрание на Форумот на млади, ФОМ – ГРОМ. Тие едногласно и громогласно го избраа својот прв претседател, актерот Бојан Велевски. повеќе

Драган Ковачовски, претседател на ОО на ГРОМ – Берово ГРОМ Е РЕАЛНОСТ

OO BerovoСо едногласна поддршка од 135 присутни делегати, вечерва, 25 јануари, во Берово беше конституирана Општинската организација на Граѓанска опција за Македонија во овој град и беа избрани Општинскиот и Надзорниот одбор. Исто толку гласови, на машинскиот инженер Драган Ковачовски му ја обезбедија претседателската функција на беровската општинска организација.

– Чест и задоволство ми е што вечерва сум овде, во улогата што ми ја доверивте, зашто овој чин, ова Основачко собрание на Општинската организација ГРОМ- Берово, е манифестација на завршетокот на борбата за напуштање на црно-белиот маѓепсан круг. Овде и сега докажуваме дека е можно да се избере и нешто друго, поинакво, нешто што досега не било понудено, но кое сега е реалност – рече во своето пригодно обраќање Ковачовски и додаде дека за членовите на ГРОМ – Берово, кои раскрстиле со сивилото, почнува нова битка со цел да се обои Берово во боите на животот.

повеќе

Работна средба меѓу градоначалниците на Општина Карпош и на Општина Винковци

Работна средба меѓу градоначалниците на Општина Карпош и на Општина Винковци ЧЕКОР КОН ЗБРАТИМУВАЊЕ 

Пред два дена, градоначалникот на Општина Карпош, и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски оствари работна средба со градоначалникот на хрватската општина Винковци, Младен Карлиќ и заменик-градоначалникот Иван Босанчиќ. повеќе

Формиран Форумот на млади на ГРОМ – Карпош

Формиран Форумот на млади на ГРОМ – КарпошЗБОРОТ „ХРАБРОСТ“ ГО НАУЧИВМЕ ОД НАШИОТ ЛИДЕР 

-Не сме дојдени тука да бидеме восочни фигури, туку да ги завратиме ракавите и со полна пареа да итаме кон зацртаните цели. Оваа младина ќе биде двигател во креирањето и во водењето на младинската организација на ГРОМ, ќе придонесеме за рационално искористување на младите образовани ресурси, за поголем број на вработувања, за активно социјално вклучување, но и за обединување, порача 24-годишната м-р Слободанка Георгиевска, првата претседателка на Форумот на млади на ГРОМ – Карпош, за која вчеравечер 465 основачи на ФОМ – ГРОМ од Карпош едногласно ја дадоа својата поддршка. повеќе

ФОМ ГРОМ – Охрид за перспективата на младите

1552853_10202822314054571_243660218_n„Граѓанската опција за Македонија е нов свеж избор на македонската политичка сцена и партија  која ни дава можност гласно да ги искажеме своите идеи кои можеби се клучни решенија за  иднината на младите во оваа земја!“

Токму со овие зборови беше отворен првиот работен состанок на неодамна формираниот Форум на млади на О.О. на ГРОМ – Охрид, одржан во петокот, 17 јануари во присуство на 59 членови на подмладокот на ГРОМ.  Со состанокот раководеше претседателот на ФОМ на ГРОМ-Охрид, Ристе Танкоски, заедно со секретарот Ивана Кикеска и потпретседателот Стојан Пешликоски, а топло добредојте во активностите на ГРОМ на помладите членови им посака  претседателот на ОО на ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски. повеќе

Интервју: Штип е град на жените

Штип е град на женитеДрагана Ѓоргиева

претседателка на ОО на партијата ГРОМ во Штип

Иван Бојаџиски

Штип е пријатно изненаден од фактот дека за првпат во плурализмот за претседател на Општинската организација на една партија е избрана жена. Како се случи тоа?

– Сакам да потсетам дека Штип е град на жените, на илјадници работнички во текстилните фабрики, кои социјално го спасија градот во едно клучно време на транзицијата. И поради овој факт сметам дека жената, како политичко суштество, и во мојата општина досега беше мошне запоставена. Во однос на прашањето како се случи моето застанување на чело на ГРОМ во Штип, можам да кажам дека тоа е резултат на синергијата која се јави меѓу мене и нашиот претседател Стевчо Јакимовски. Накусо кажано, и двајцата го сакавме тоа, а фактот дека сум жена е само предност повеќе како за мене исто така и за партијата. повеќе

Претседателот на ОО-ГРОМ во Охрид, Љупчо Настоски во посета на малата Мона

Претседателот на ОО-ГРОМ во Охрид, Љупчо Настоски во посета на малата МонаЉупчо Настоски и годинава за Божиќните празници во домот на Симона Јовеска. Охридскиот советник, не ја заборави малечката Мона, која што сеуште за жал живее во светот на темнината. Но новина е тоа што Мона веќе излегува од својот дом и научила многу работи во Дневниот Центар „Доброљубие“, каде што се образува. повеќе

Новогодишна честитка од ГРОМ

Граѓанската опција на Македонија –ГРОМ на сите свои членови, и на сите граѓани на Република Македонија им ги честита новогодишните и божиќни празници и им посакува многу здравје, лична среќа и успех во Новата 2014 година.

Нека оваа година биде година на мир, љубов и толеранција, на подем на граѓанинот и на граѓанската визија за Македонија.

 Стевчо Јакимовски

 Претседател на Граѓанска опција за Македонија-ГРОМ

Новогодишна честитка од ГРОМ

Новогодишна магија за децата со посебни потреби од Кичево

ГРОМ КичевоПретставници на Општинската организација на ГРОМ – Кичево, предводени од претседателот на ОО од овој град, Анто Трајановски, вчера организираше хуманитарна акција што им беше посветена на штитениците на Дневниот центар за деца со посебни потреби – Кичево. повеќе

Страница 45 од 54« Прва...102030...4344454647...50...Последна »