Горан Ефремов – претседател на Општинската организација на ГРОМ во Пробиштип

Горан Ефремов - претседател на Општинската организација на ГРОМЕдногласно, со громогласен аплауз, Горан Ефремов, актуелен советник во Советот на Општина Пробиштип, вечерва, (14 октомври 2013 година), беше избран за претседател на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија во Пробиштип.

Во преполната сала во хотелот „Црешево топче“, се одржа Основачкото собрание на ОО – ГРОМ од Пробиштип. На него беа утврдени составите на работните тела на Собранието, и тоа работното претседателство во состав: Дијана Петковска-Иванова, Јулија Павлова, Стојмир Саздовски, Киро Тодосов и Славе Димовски. На Основачкото собрание беа изгласани и составите на органите на Општинската организација. За членови на Надзорниот одбор беа избрани Маја Соколовска, Анџелика Ампова, Ивана Ѓорѓиева и Марија Ефремова. повеќе

Божанка Минова- прва жена претседател на Општинска организација на ГРОМ

Божанка Минова- прва жена претседател на Општинска организација на ГРОМВечерва, 13 октомври 2013 година, во Домот на културата во Кавадарци, околу 500 членови на Граѓанската опција на Македонија – ГРОМ присуствуваа на свечениот чин,  одржување на Основачко собрание на Општинската организација на ГРОМ – Кавадарци.

Со овој чин, на кој Општинската организација на ГРОМ – Кавадарци, која се профилира како релевантен фактор на политичката сцена во општината, раководеше работното претседателство меѓу кои беа Верица Јошева, Златко Јованов и Димитар Зарков. повеќе

Прес-конференција: Членови на локалните власти од Македонија пристапуваат во ГРОМ

Прес-конференција: Членови на локалните власти од Македонија пристапуваат во ГРОМДенеска, 13 октомври 2013 година, во седиштето на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ (на аголот од раскрсницата на ул. Рузвелтова и бул. Теодосиј Гологанов) се одржа конференција за медиуми по повод пристапувањето на 14 актуелни советници од неколку локални самоуправи од Македонија во редовите на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ. повеќе

Република: Во центарот мириса на избори

Се погласни се информациите дека во македонскиот политички центар се подготвуваат коалиции

Во центарот мириса на избори И додека високи извори од таборите на инволвираните информираат за конкретни разговори преговори на оваа тема, лидерите на партиите од центарот негираат создавање центристички пакт. Се најдоа и на темата предвремени парламентарни избори, како единствени кои ги посакуваат, но од коалиција нема ни абер, барем декларативно. повеќе

Граѓанска опција за Македонија ја обои црно-белата политичка сцена

ГРОМ – НОВАТА ВИЗИЈА ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА МАКЕДОНИЈА

Граѓанска опција за Македонија ја обои црно-белата политичка сцена„Ниту на референдум сме го добиле името, ниту на референдум ќе го потврдуваме, ниту на референдум ќе го даваме. Тоа исконски ни припаѓа“,беше децидниот став на Стевчо Јакимовски, кој го истакна во својата свечена реч по повод формирањето на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, вечерва во „Универзална сала“ во Скопје. повеќе

Говор на Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ

IMG_1404

Почитувани присутни, членови на ГРОМ – Граѓанската опција на Македонија, почитувани симпатизери и поддржувачи на новата политичка сила во Македонија, драги гости, почитувани претставници на седмата сила, медиумите, добровечер и добредојдовте.

 

Добредојдовте на Основачкиот конгрес на Граѓанската опција за Македонија, добредојдовте на ГРОМ.

повеќе

Прес-конференција: На 28 Септември ќе се одржи Основачкиот конгрес на ГРОМ

Прес-конференција: На 28 Септември ќе се одржи Основачкиот конгрес на ГРОМДенеска, 26.09.2013 година, во канцеларијата на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, на бул. Теодосиј Гологанов, претседателот на Иницијативниот одбор на ГРОМ, господин Стевчо Јакимовски, одржа конференција за медиуми по повод Основачкиот конгрес на Граѓанска опција за Македонија.

– Сакам да ве известам дека в сабота, на 28 септември, со почеток во 18 часот во „Универзална сала“ во Скопје, Граѓанската опција за Македонија ќе ги удри темелите на новата партија на македонската политичка сцена. повеќе

Во Охрид се отвори канцеларија на ГРОМ

Во Охрид се отвори канцеларија на ГРОМГраѓанската опција за Македонија се залага за развој, а не за конфликти

Отворањето на новата канцеларија на Граѓанската опција за Македонија, вчеравечер, на 7 септември 2013 година, во централното градско подрачје на Охрид, сугерира молскавична брзина во проширувањето на идниот политички субјект. Сè повеќе граѓани покажуваат интерес да ѝ се приклучат на опцијата која нуди развој, а не конфликти. повеќе

ИНТЕРВЈУ Јакимовски: Ќе има предвремени парламентарни избори, а ГРОМ ќе настапи самостојно!

Градоначалникот на општина Карпош и претседател на Иницијативниот одбор на „ГРОМ“ во интервју за „Фактор“ говори за Граѓанската опција за Македонија, за основачкото собрание кои ќе се одржи на 14 септември годинава. Јакимовски смета дека ќе има предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските, а „ГРОМ“ како партија ќе настапува самостојно. На парламентарните избори очекува пет до шест пратеници, а на претседателските избори најавува дека ќе истрчаат со свој кандидат за претседател на државата. Јакимовски е со став и за собраниските инциденти од 24 декември, за актуелната политичка и економска состојба, за законот за медиуми. Го критикува и градоначалникот на Центар затоа што првиот ден од својот мандат го започнал со клоцање на тараби, наместо како што вели, со позитивна енергија.

Линк до целото интервју на ФАКТОР.мк

ГРОМ поблиску до кичевци

_DSC702117 август 2013 година, Кичево, во централниот дел на градот, со пригодна свеченост и со најава за одржување на основачкиот партиски конгрес на 14 септември, беше отворена втората канцеларија на Граѓанска опција за Македонија. Многубројни кичевци, членови и симпатизери на ГРОМ, присуствуваа на настанот кој на свој начин, со оглед на мултиетничкиот предзнак на ГРОМ, означува почеток на новата историја на градот и на Македонија. повеќе

Страница 43 од 45« Прва...102030...4142434445