ГРОМ ја раскажа својата приказна пред битолчани

_DSC2134ТРИБИНА ВО ГРАДОТ НА КОНЗУЛИТЕ „Честопати, моите битолчани знаат да ме прашаат: Која е позицијата на ГРОМ на политичкото небо во Македонија? Лева или десна? Одговорот е многу јасен: ГРОМ е граѓанска политичка опција која се позиционира во центарот на политичкиот простор, ни лево, ни десно“. Со овие зборови Никола Стојановски, член на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија, ја започна вечерашнава трибина на ГРОМ во Битола, каде централното партиско раководство со целосна поддршка на локалните членови и симпатизери на оваа нова партија, ја раскажаа својата приказна пред повеќе од стотина битолчани, учесници на трибината.

повеќе

Првиот претседател на ГРОМ – Струмица, избран со акламација

Првиот претседател на ГРОМ – Струмица, избран со акламацијаГРОМОВСКИ ОГНОМЕТ ЈА ОСВЕТЛИ СТРУМИЦА

Со величествен огномет вечерва беше прославено основањето на Општинската организација на ГРОМ – Струмица. На вечерашното Основачко собрание во Домот на културата, во центарот на градот, беа избрани раководните тела на оваа општинска организација на Граѓанската опција за Македонија, како и претседателот на истата, функција што со акламација му беше доделена на Сашко Милковски. повеќе

Свечено отворена канцеларијата на ГРОМ во Струмица

Свечено отворање на канцеларијата на ГРОМ во СтрумицаСо најава за Основачкото собрание на Општинската организација на ГРОМ – Струмица, кое ќе се одржи на 11 овој месец,  вчеравечер, 7 ноември, со пригодна свеченост, беше отворена уште една канцеларија на Граѓанската опција за Македонија, овојпат во Струмица. повеќе

Кумановчани храбро го избраа ГРОМ

Кумановчани храбро го избраа ГРОМ„Храбриот човек умира еднаш, а кукавицата илјада пати. Затоа ве повикувам да бидеме храбри!“ Со овие зборови, претседателот на Граѓанска опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, им се обрати на членовите на ГРОМ од Куманово, кои вечерва, 6 ноември 2013 година, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го избраа своето прво раководство на Општинската организација. повеќе

Најдолгиот пат почнува со првиот чекор

rejtingЦентарот за истражување и анализа (ЦИА) во својата последна анкета за испитување на јавното мислење, покрај постоечките политички субјекти го вклучи и ГРОМ, најновата политичка партија во Република Македонија.

Ова е прва јавна презентација на растечкиот рејтинг на ГРОМ и нејзиниот лидер Стевчо Јакимовски. ГРОМ полека но сигурно внесува боја во црно-белиот политички поредок. повеќе

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Грција ја загрозува безбедноста во Македонија и регионот

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Грција  ја загрозува безбедноста во Македонија и регионот„Неодамнешната информација дека Атина го спомнува името Славјанско – албанска Македонија и потврдата со изјавата на претседателот Папуљас при посетата на Тирана,  покажува дека Грција зазема крајно непријателска позиција кон Македонија. Ова го изјави на денешната конференција за печат Претседателот на Граѓанската опција за Македонија, Стевчо Јакимовски, по повод последните провокации  за името од страна на Грција. повеќе

ГРОМ – Делчево зачекори на патот на успехот

ГРОМ – Делчево зачекори на патот на успехот-Ние од ГРОМ мора да успееме! Тука нема дилеми! Тоа мора да го направиме за нашите семејства, за нашите сограѓани, за да го обоиме овој црно-бел свет со боите на животот и на правдата – изјави вечерва (2 ноември)Виктор Богдановски новоизбраниот претседател на Општинската организација на Граѓанска опција за Македонија – Делчево кој што едногласно беше избран за нејзин прв човек. Вака одлучија стоте присутни членови на Иницијативниот одбор на партијата од овој град, кои безрезервно му ја дадоа својата поддршка.Овој угледен граѓанин, агроном, говорејќи од свое име и од името на членовите на ГРОМ од овој град, изјави дека нивна цел ќе биде да не ги разединуваат, туку да ги обединат граѓаните, како и да се врати достоинството на луѓето. повеќе

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Вината не е во медиумите, туку во службените лица

Вината не е во медиумите, туку во службените лица-Ако Томислав Кежаровски воопшто сторил откривање на идентитет, тоа го сторил поради јавниот интерес, а откривање на идентитетот на заштитениот сведок направило службеното лице што му ги соопштило информациите за идентитетот на заштитениот сведок.   повеќе

ГРОМ – Визијата за просперитетна Македонија

ГРОМ - Визијата за просперитетна Македонија Влатко Костов е првиот претседател на Општинската организација на Граѓанска опција за Македонија од Гостивар. Него, вечерва, (22 октомври 2013 година), во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, едногласно го избраа 160 делегати, членови на новиот политички субјект во Македонија. повеќе

Прес-конференција: Без предвремени избори напролет – можна е уставна криза

Без предвремени избори напролет - можна е уставна криза„Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ од вчера  е легитимен политички субјект на политичката сцена во Република Македонија, бидејќи ја добивме судската регистрација, со сите избрани органи и тела на партијата.Тоа значи дека од сега натаму, јавноста во Македонија ќе може да ги слушне сите ставови по повод актуелните политички прашања во земјата, како и од сферата на економско-социјални проблеми. повеќе

Страница 42 од 46« Прва...102030...4041424344...Последна »