Претседателот на ОО на ГРОМ – Охрид, домаќин на градоначалникот на Винковци

Претседателот на Општинската организација на ГРОМ од Охрид, Љупчо Настоски, беше домаќин на градоначалникот на хрватската општина Винковци, Младен Карлиќ, и на неговиот заменик, Томислав Шариќ. Високите гости, градоначалникот и заменик-градоначалникот на Општина Винковци, на 7 и 8 декември, престојуваа во Охрид, по повод празникот Св. Климент Охридски, денот на патронот на овој град. Во рамките на нивниот престој, тие остварија средба со членот на Советот на Општина Охрид, Љупчо Настоски. Карлиќ и Шариќ беа на гости во Регионалната канцеларија на Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ – Охрид и на средбата со  претседателот на Општинската организација на ГРОМ-Охрид, Љупчо Настоски, разговараа за продлабочување на меѓусебната соработка.Претседателот на Општинската организација на ГРОМ од Охрид, Љупчо Настоски, беше домаќин на градоначалникот на хрватската општина Винковци, Младен Карлиќ, и на неговиот заменик, Томислав Шариќ. повеќе

Интервју Виктор Цветковски, ГРОМ: На Македонија и треба нова политичка понуда

Viktor-CvetkovskiЦелта која си ја поставивме пред нас како нова партија, е да им понудиме на граѓаните повеќе избор на политичката сцена, конкуретност на идеи и проекти, позитивни настапи на нови и енергични лица, на луѓе кои се борат за Македонија, овде и сега, вели во интервју Виктор Цветковски, генерален секретар на ГРОМ. повеќе

Основање на Општинска организација на ГРОМ – Сарај

Основање на Општинска организација на ГРОМ - СарајМУЛТИЕТНИЧНОСТА Е СИЛАТА НА ГРОМ

Со едногласна одлука, вечерва, во просториите на административната сала на општина Сарај сите делегати на Граѓанската опција за Македонија од оваа општина, се изјаснија дека дипломираниот педагог Снежана Јовкоска ја заслужува нивната целосна доверба, со што и дадоа мандат на претседател на Општинската организација на ГРОМ – Сарај. повеќе

Мартин Колевски, прв претседател на ОО на ГРОМ – Гази Баба

ГРОМ - Гази БабаГРОМ ЌЕ УРИВА СТЕРЕОТИПИ

Дипломираниот економист Мартин Колевски е претседател на Општинската организација на ГРОМ од Гази Баба. Нему поддршка му дадоа сите 98 присутни делегати-основачи на ГРОМ од оваа скопска општина, кои на Основачкото собрание, исто така едногласно, ги изгласаа и Општинскиот и Надзорниот одбор. повеќе

Во градот под Исарот формирана 25. Општинска организација на ГРОМ

Во градот под Исарот формирана 25. Општинска организација на ГРОМГРАЃАНСКАТА ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА, ЧЕКОР ПРЕД ВРЕМЕТО

 Вечерва се одржа Основачкото собрание на Општинската организација на ГРОМ од Штип, на кое покрај Општинскиот и Надзорниот одбор, 90 присутни делегати за прв претседател едногласно ја избраа Драгана Ѓорѓиева. повеќе

Избрано раководството на ОО на ГРОМ во Кратово

Избрано раководството на ОО на ГРОМ во КратовоИ ВО КРАТОВО ЗAЧАДИ ОЏАКОТ НА НАШАТА КУЌА

 Со едногласна поддршка на 60 делегати на Граѓанска опција за Македонија, Дарко Апостолов вечерва беше избран за прв претседател на Општинската организација на ГРОМ од Кратово. На Основачкото собрание во овој град беа избрани и Општинскиот и Надзорниот одбор на општинската организација. повеќе

Основачко собрание на ОО на ГРОМ – Чаир

Mavie MehmetiВИСТИНСКИ МОМЕНТ ЗА МУЛТИЕТНИЧКИ КОНЦЕПТ

Инспиративниот говор на потпретседателката на Граѓанска опција за Македонија, Мавие Мехмети, го одбележа 24. Основачко собрание на Општинска организација на ГРОМ, што вечерва се одржа во општина Чаир. Обраќајќи им се на членовите и симпатизерите на ГРОМ од оваа скопска општина на албански, а потоа и на македонски јазик, Мехмети истакна дека токму мултиетничката црта на ГРОМ е таа што ја прави оваа партија единствена на македонската политичка сцена и и дава предност наспроти сите останати политички партии. повеќе

ГРОМ е за постојниот изборен модел

ГРОМ е за постојниот изборен модел Пропорционалниот модел со шест изборни единици треба да остане како изборен модел во Република Македонија е ставот на Граѓанската опција на Македонија-ГРОМ. Овој став е изграден врз основа на сознанието дека тој ги одразува спецификите на Република Македонија од повеќе аспекти и тоа демографскиот, политичкиот, социјалниот и други.  повеќе

Партиската програма на ГРОМ презентирана пред прилепчани

Партиската програма на ГРОМ презентирана пред прилепчаниНА РЕД СЕ ГРЦИТЕ ДА ПРАВАТ ОТСТАПКИ

Околу 150 прилепчани, членови и симпатизери на ГРОМ, вечерва се собраа во салата на старата општинска зграда во Прилеп за да учествуваат во отворената трибина на која беше презентирана програмата на Граѓанска опција за Македонија. повеќе

Спасе Димоски, прв претседател на ОО на ГРОМ – Македонски Брод

Спасе Димоски, прв претседател на ОО на ГРОМ – Македонски БродГРОМ ЌЕ СВЕТНЕ НА СЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Граѓаните на Македонски Брод од денеска имаат подобар избор од црно-белата понуда на македонската политичка сцена. Таму вечерва 87 делегати на Иницијативниот одбор на Граѓанската опција за Македонија едногласно ги изгласаа составите на Општинскиот одбор и на Надзорниот одбор на Општинската организација на ГРОМ. На ова Основачко собрание, 23-то по ред, исто така едногласно, за претседател на Општинската организација беше избран Спасе Димоски. повеќе

Страница 41 од 47« Прва...102030...3940414243...Последна »